11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Советот на општина Прилеп ја одржа редовната 56 та седница

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 56 тата редовна седница, која што се реализаше онлајн и без присуство на новинари. Го пренесуваме извештајот на општинската прес служба во врска со донесените одлуки:

Прилепските советници ја усвоија предлог-одлуката за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп за 2021 година. Со тоа, вишокот од 60 милиони денари од сметката за блок дотации, се пренаменуваат за изградба на детската градинка и базенот во населбата „Точила“. Оваа одлука е врз основа на законските измени на Законот за финансирање на ЗЕЛС донесени оваа година и досега ваква одлука донесле 19 општински Совети и Советот на Град Скопје.

За имплементација на проектот „Обезбедување пристојни услови за живот за ромските домаќинства во општина Прилеп – СДЛР (Securing Decent Living conditions for Roma households in Prilep Municipality – SDLR) на денешната седница советниците донесоа Одлука за кофинансирање на Општина Прилеп со учество од 70.000 евра, додека вкупната вредност на проектот кој ќе се реализира во следните 36 месеци изнесува 893.000 евра.

Членовите на општинскиот Совет ја усвоија измената на Одлуката за одредување вредност на земјоделско земјиште за градот и селата во општина Прилеп по катастарски општини, како и измените и дополнувањата на Одлуката за утврдување пазарна вредност на градежно земјиште и макролокации на зони на градежното земјиште во општина Прилеп и населените места, за 2021 година.

На денешната 56 седница усвоен беше и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУ Детска градинка „Наша Иднина“, а советниците дадоа „зелено светло“ и за Одлуката за бројот на деца кои ќе бидат згрижени во воспитните групи во оваа јавна општинска установа. 

Советниците дадоа позитивно мислење за статутот на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ и за измените и дополнувањата на статутот на ООУ „Климент Охридски“.

На седницата беше усвоен финансискиот извештај за приходи и трошоци на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник’“ за периодот од 01.01.2021 година до 31.03.2021 година, а беа донесени и повеќе други одлуки и решенија за разрешување и именување членови во управни и надзорни одбори и измени на Годишни планови за вработување.

Би можело да ве интересира

Од утре започнува со работа Автобуската станица во Прилеп

Елизабета Филипоска

Фрлена рачна бомба во двор во Десово, повредени нема

Пела Редакција

ИН МЕМОРИАМ- Петар Кузманоски – Таста

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе