5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Во пресрет на Семакедонскиот мирен протест во Канада, Македонците собраа донации од 116. 000 долари

На донаторски банкет Македонците во Канада собраа повеќе од 116.000 канадски долари. Во организација на Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Македонското меѓународно движење за човекови права, македонските православни општини, организацијата „Обединети Македонци -Канада“ и Здружението „Андон Лазов Јанев Ќосето“ во Торонто, обединети во „Македонската координативна мрежа – Канада“, банкетот, се одржа во соборниот храм на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто. Средствата како што велат организаторите се наменети за активности кои ќе бидат спроведени за одбрана на македонските национални интереси.
Големата донаторска акција во организација на Македонската координативна мрежа – Канада и домаќинот Соборниот храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, ги собра на едно место Македонците во Канада, а на банкетот присуствуваше и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
– Донациите ќе се употребат за одбрана на македонските национални интереси, а сите заинтересирани ќе добијат отчет за употреба на средствата, вели претседателот на Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Боби Темелков, кој додава дека донаторската акција продолжува и секој може да се вклучи во поддршката за одбрана на македонските национални интереси.
Инаку, на 18-ти март во Торонто ќе се одржи „Семакедонски мирен протест“ инициран од актуелните политички случувања во врска со преговорите за името. Се очекува масовно присуство на Македонци од сите страни на Канада, а организацијата е на Македонската координативна мрежа Канада и македонските црковни управи од каде е обезбеден бесплатен автобуски превоз за сите Македонци кои не се во можност да обезбедат свој личен превоз.

Би можело да ве интересира

Концерт на виолина и пијано „Љубовен триптих“ во Цепенков

Пела Редакција

Ќе се бара чаре за Универзалната сала!

Гордана Цветаноска

Шеќеринска, Сугарески, шефот на Централниот кризен штаб, Османи денеска во посeта на Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе