11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Петкоски: „Локалната власт го игнорира писмото на министерката за образование и блок дотациите ги кориси ненаменски„

Наместо локалната власт предводена од СДС и градоначалникот Илија Јованоски да промовира во јавноста реализирани проекти, тие продолжуваат со препознатлива ароганција, во обид да го прикријат нивното не работење „- рече на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп

-Впрочем и не се очекува нешто друго! Пред само неколку дена на прес конференција поставивме јавно прашања во врска со блок дотациите од интерес за граѓаните на Општина Прилеп, на кои не добивме конкретен одговор. Денес прашувамe: Дали со усвојување на предлог одлуката за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп, локалната власт го игнорира писмото на министерката за образование Mила Царовска од 19.05.2021 година со кое бара наменските и блок дотациите да се користат наменски за тоа што се наменети и да не се пренаменуваат за други цели? Дали можеби со ваквиот начин на работа локалната самоуправа им покажува „пркос“ на Министерката и Владата? Доколку е тоа така, го повикуваме градоначалникот Илија Јованоски, наместо да ги пренесува тезите од Мила Царовска на средба со родителите и наставниците, да им каже отворено, која штета ќе ја предизвика дигитализацијата и новиот образовен концепт. На крај, би им порачале на локалната власт на чело со СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски: Познавањето на законските прописи е потреба на која треба Вие да посветите поголемо внимание затоа што непознавањето нема да го спаси никого од кривична одговорност, а одговорност секако ќе има. Првата одговорност – онаа политичката, ќе следи за брзо време. А потоа ќе следи и кривичната одговорност – секому според заслугите.- рече на крај Влатко Петкоски ,портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп на денешната прес конференција

https://www.facebook.com/okprilep/videos/960333921367377

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата

Пела Редакција

Попоски: Градоначалникот да го одржи предизборното ветување за намалување на старата цена на водата!

Ташкоска: Го подобруваме водоснабдувањето на Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе