11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ташкоска: Го подобруваме водоснабдувањето на Прилеп

Преку обраќање до јавноста денеска Еленче Ташкоска, член на Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ Прилеп, ги пренесе информациите во врска со проектот за подобрување на водоснабдувањето во градот. Соопштението го пренесуваме во целост:

„ Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, продолжува да ги решава долгогодишните проблеми на Прилеп и прилепчани.Во соработка со Владата, обезбедени се 40.540.000 денари за реализација на проектот „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во мeстото викано ‘Пашоски ливади’ до собирна шахта во КО Прилеп“.Со овој проект, во наредните 4 до 6 месеци ќе биде изграден нов цевковод во должина од 4 км, од постојните извори во месноста „Пашоски ливади“ до собирната шахта на разводната водоводна мрежа за градот.Со изградбата на новиот цевковод, на месечно ниво обезбедуваме нови 39.000 метри кубни вода за потребите на граѓаните на општина Прилеп, со што значително се подобрува водоснабдувањето во градот. Посветено работиме на зацртаната цел, секој граѓанин, во секој ден од годината, редовно да добива чиста и квалитетна вода за пиење и за сите останати потреби.Многуте реализирани проекти во изминатите три и пол години, се доказ дека СДСМ е најдоброто за нашата општина. Заедно со граѓаните, одлучно и решително работиме на нови мерки за развој, напредок и подобар квалитет на живот за сите.СДСМ е најдоброто за нашата општина, затоа што го слуша гласот на граѓаните, си стои на дадениот збор и го исполнува ветеното, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавност при ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Сиљановска му се заблагодари на Димитриевски, тоа е поттикнувачки чекор

Проданоски: Ве поканувам вечерва на сенароден митинг во Прилеп!

Пела Редакција

ВМРО ДПМНЕ и во Прилеп собира потписи за одлагање на пописот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе