Во очекување на исплатата на средства од 5 тиот антиковид пакет мерки наменети за тутунарите, денеска со соопштение за јавноста се огласија новоформираните здруженија. Од таму потсетуваат дека и минималните средства кои што беа ветени од страна на Владата за ублажување на тешката состојба на тутунопроизводителите, тие треба да ги бараат преку блокади и протести.
„Бидејќи измина доволен период од денот на изгласување на 5 тиот антиковид пакет во Собранието, а тие мали и какви – такви средства сеуште не сме ги добиле. Време е јасно и гласно да си го побараме она што треба веднаш да ни биде исплатено. Доста купување на време и одолговлекување. Ако за вас се малку и небитни, за нас секој тешко заработен денар е важен. Затоа, наредната недела ќе е последна со наше трпение. Ако не се исплатат средствата од Ковид пакетот тутунарите се враќаат на блокади на патиштата. Срамота е и тоа зборува за вас и вашиот однос кон земјоделците, зошто сите наши стекнати со закон придобивки мораме да си ги бараме на ваков начин со протести. Исто така Премиерот ветувањето за просечна цена од 180 – 185 денари кое го даде пред тутунарите го повикуваме јавно да каже дали планира да го одржи или и тоа беше само уште едно празно ветување?, се вели во соопштението.