Едно дрво да порасен и да ја шири својата длабока крошна и сенка, потребни се години, децении…А, парковските површини без дрва се само место кое може да се посетуваат ,но не и да се ужива во ладовината, бидјеќи тоа само сенките од крошните на дрвата го можат. Но, не е само ладовината во прашање, туку до таа големина не се стигнува преку ноќ. Потребни се децении да се достигне тој раст и волумен на едно дрво кое ќе го краси некој паркот или јавна површина. Па, затоа не смее да се дозволи дрвата да “изчезнуваат“ од парковските и јавните површини. Но, повторно со дрво помалку остана уште една прилепска јавна површина. Овој пат дрвото пред една ндела паркот кај судот, на кои стоеше дрвената куќарка, стана само трупец.
Граѓаните бараат да се престане со отстранувањето на постоечкото зеленило и бараат одговорност од наделжните за исеченото дрво, пишувајќи во коментари „И, Чинарот во Охрид е вековито стар , па не го сечат, туку е симбол на градот „. велат дел од нив кои бараат „зелените„ партии, еколошките здруженија и љубителите на природата да реагираат при секој обид на сечење дрво од парковските површини во Прилеп.
Обрајќајки се до ЈКП Комуналец секорот „зеленило и паркови„ одговорни за одржување на јавните површини користејќи го правото за пристап до информации од јавнен карактер, на пашањето „Зошто е отстрането ова дрво, украс во паркот на судот ?“ добивме одговор дека било старо и постоела опасност за минувачите , но дека на истото место ќе бидат засадени нови садници . Во интерес на објективноста одговорот од ЈКП Комуналец Ви го пренесуваме во целост
Инаку,од 2020 /2021 г Прилеп е „скратен“ за 13 дрва кои се наоѓале на јавно прометни површина, како стари, исушени и турли дрва. Минатат година отстрането во мај е отстрането дрво на потегот на ул. Пенка Котеска и ул Ѓорѓи Димитров, во декември отстранет е дрво на ул 5-та Прилепска Бригада ,Гоце Делчев и Кузман Шапкаров..,а годинава заклучно со овој месец отстранети се 7 дрва.