5 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Гимназијата “Мирче Ацев“ќе им ги врати парите на учениците што им ги наплатиле за сведителства

Денеска Сојузот на средношколци ги објави имињата на четирите средни училишта кои наплаќале пари од учениците за изработка на свидетелства, иако истите треба да се бесплатни. Меѓу средните училишта за економија и за медицина од Тетово, скопската гимназија „Зефљуш Марку“,се најде името и на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ која наплаќала пари од учениците за изработка на свидетелства.

Парите на учениците на који им е наплатено за сведителство, ќе им бидат вратени со подигнување на сведителствата за завршена учебна година – информира,кусо, за нашиот медиум, директорот на Гимназијата „Мирче Ацев, Диме Настески.

Инаку, Сојузот на средношколци при оваа прилика го повика инспекторатот да интервенира за незаконско наплаќање за свидетелства на ученицита, а од Бирото за образование побараа одговор зошто се уште не се обезбедени образците по регуларен пат. Од таму им порачаа на училиштата да ги вратат парите што ги наплатиле и да не прават бизнис од јавното образование

– Во година во која наставата беше онлајн со полуобучени или воопшто необучени наставници, срамно е на учениците да им се наплаќа за свидетелства, велат од Средношколски сојуз.

Би можело да ве интересира

Каков домаќин беше СОУ “Орде Чопела“ на проектниот состанок на Еразмус+ проектот за партнерства меѓу училишта?!

Елизабета Филипоска

„Ѕуница“ по повод Светскиот ден на детето ѕунеше од радост и песна

Пела Редакција

Посета и дружба со старите лица на учениците од ООУ „Гоце Делчев“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе