7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Стерјовска прашува: „Како е применет принципот ,,прв дојден-прв услужен„ за субвенционирање на инвертер грејни тела и велосипед?“

ВМРО ДПМНЕ секогаш е на страната на сите граѓани во Општина Прилеп. Никогаш не сме правеле подвоеност или доведување на некого во поповолна положба, секогаш сме за тоа сите да се еднакви пред законот. “-истакна на денешната прес конфернција Ирена Стерјовска, советник во Советот на Општина Прилеп во советничката група на ВМРО ДПМНЕ , и додаде:

„На вчерашната седница на Совет на Општина Прилеп, не беше прифатен нашиот предлог, за точка на дневен ред да биде измена и дополнување на Правилникот за субвенционирање на инвертер грејни тела и велосипеди. Укажавме во делот на незапазување на постапката во јавниот повик каде изрично е предвидено документацијата да се доставува во архива, а не по пошта, дека не може правилно да се утврди согласно принципот „прв пријавен прв услужен“, па од таа причина СДСМ не можеше да најде друг начин да го реши проблемот туку се доведе во ситуација да изгласаат одлуки со кои повторно ги ставија прилепчани во подредена и надредена положба. На официјалната страна на општина Прилеп последната информација од 06.04.2021 година укажува дека се прекинува повикот и нема веќе да се примаат барања? Зошто се чекаше цели три месеци? Каде е во случајов и што работи „ефикасната” администрација која прекумерно се вработи во локалната самоуправа? Доколку навремено добиевме материјал ќе реагиравме за проширување на средства со цел да се опфатат сите баратели, затоа што факт е дека во оваа постапка многумина беа оневозможени да поднесат барање. Вчера и денес не стивнуваат ниту реакциите на социјалните мрежи каде прилепчани гневни се организираат за покренување на групна тужба за поништување на целиот повик. Прашање е дали и како е применет принципот ,,прв дојден-прв услужен”? За жал, некои, иако извале комплетна документација се откажале од аплицирање после известувањето дека се исцрпени предвидените средства, а со тоа припаѓаат во групата на граѓани кои се ставени во понеповолна положба. Дел од нив дури и купиле инвертер клима или велосипед, а нема да добјат субвенции за разлика од некои други. Ваквиот начин на работа е својствен за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане на страната на граѓаните. Се обврзуаме после смена на локалната власт и победата на ВМРО-ДПМНЕ, да го вратиме градот на правите патеки каде нема да има граѓани од втор ред и сите ќе бидат еднакви пред мерките и законите.-рече Стерјовска

https://www.facebook.com/okprilep/videos/488194242410883

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп покажа елементарно непознавање на законите тврдат од Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Седница на Совет: за пензионери бесплатен превоз, за студенти стипендии, за згрижување деца воспитни група со поголем број деца…

Пела Редакција

Jовчески: Прилеп го наследивме со 5 милиони евра долг, со добро менаџирање успеавме речиси да го исплатиме

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе