11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Се гради ограден ѕидот во ООУ Рампо Левката, но дали е тоа законски?!

Денес за малку беше одбегнат посериозен инцидент кога жителите од околните улици во близина на ООУ „Рампо Левката”, со право реагираа на изградбата на ѕид со кој се попречува нивното слободно движење.“ доцна попладне на прес конференција, истакнаа Влатко Петкоски од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп и додаде:

-Во Општина Прилеп, за жал, не може да помине ден, а да нема некаков инцидент или незадоволство од граѓаните, поврзани со погубните политики и неколкуте проекти на градоначалникот Илија Јованоски и функционерите поставени од него. Прашуваме, дали изградбата на ѕидот во ООУ Рампо Левката е во согласност со законот? Дали постои решение за негова градба, како и останата потребна документација? Законот за градење е дециден во поглед на овие барања! Јавноста заслужува одговор и на прашањето, на чие земјиште се гради овој ѕид, и дали земјиштето гласи на Република Македонија, или можеби е приватизирано? Дали е изработен проект за изградба на ограден ѕид и дали е избран надзор? Граѓаните со право реагираат и се револтирани од ваквите испади на локалната власт. Го повикуваме градежниот инспекторат на Општината да изврши увид на градежните работи и во најбрз рок да ја утврди фактичката состојба на терен, дали постои прекршување на законот? Воедно прашуваме, дали е вистина дека раководителот на секторот за урбанизам, гради бесправно викендичка во Ореовец? Почитувани, ваквиот начи на работа, ќе биде казнет на следните локални избори. После победата на ВМРО-ДПМНЕ, повторно ги ставаме на прво место интересите на граѓаните. Прилеп заслужува власт која ќе излегува во пресрет и ќе понуди вистинско и квалитетно решавање на сите проблеми.

https://www.facebook.com/okprilep/videos/4471902726161738/

Би можело да ве интересира

Дали денес од СДСМ ќе се чуе името на кандидатот за градоначалник на Прилеп?!

Елизабета Филипоска

Бојмацалиев на работна средба во ОВР Прилеп, Крушево, ПС Кривогаштани и СВР Битола

Пела Редакција

ОК ВМРО ДПМНЕ: Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе