11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОО на СДСМ: Во периодот од 12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп безмалку го загуби епитетот „најспортски град во државата“

Писмена реакцијата на ОО на СДСМ -Прилеп по „“нападот„ на ОК на ВМРО ДПМНЕ .Центар за комуникации со јавност на ОО СДСМ Прилеп, со сопштение до јавноста, се обрати и напиша дека во периодот на 12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп безмалку го загубил епитетот „најспортски град во државата“, додавајќи:

Времето кога парите од граѓаните, наместо за инвестиции во спортот, спортската инфраструктура и спортските клубови, завршуваа во рацете на локалните моќници од криминалното здружување наречено ВМРО-ДПМНЕ, никогаш нема да се повтори.  Власта на СДСМ, предводена од градоначалникот Илија Јованоски на локално и премиерот Зоран Заев на централно ниво, на дело ја покажува својата грижа за развојот на спортот.

Рунираниот градски стадион „Гоце Делчев“, кој позади себе го остави ВМРО-ДПМНЕ, денес е целосно реконструиран и претворен во современа и модерна фудбалска арена, која претставува вистинска спортска гордост на фудбалски Прилеп. Кај Вештачкото езеро изграден е нов спортско-рекреативен центар, еден од најдобрите во државата, а во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ за прв пат се гради спортска сала за потребите на учениците. Целосно е подготвена документацијата за изградбата на покриениот базен во населбата „Точила“, чија изградба стартува наесен.

Дополнително, во изминатите триипол години, на најтранспарентен начин, преку јавни повици, Општина Прилеп им додели над 26 милиони денари финансиска поддршка на спортските клубови во општината. Заради сето ова, СДСМ ја добива и ќе продолжи да ја добива поддршката од граѓаните и спортската во јавност во Прилеп, а на следните локални избори ќе потврдат дека сме партијата која го носи најдоброто за нашата општина.„ -пишува во партиското соопштени на ОО СДСМ Прилеп, како одговор на прес конференциајта на опозицијата                              

Би можело да ве интересира

Прилепската полициска станица има двајца командири, обвинуваат од ОК на ВМРО -ДПМНЕ

Гордана Цветаноска

Проданоски: Наместо пречистувач, станицата стана загадувач ?!

Вечерва Прилеп го искажа својот револт против поскапување на струјата

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе