11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Продолжи доизградбата на патот Градско – Прилеп

Експресниот пат Градско-Прилеп продолжи да се гради. „Со Јавното претпријатие за државни патишта за брзо време ги надминавме проблемите со претходниот и избравме нов изведувач„, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денска правеше т увид на градежните активности кај делницата Градско- Дреново, заедно со градоначалниците на Прилеп, Градско и на Росоман, Директорот на ЈП за државни патишта,Ејуп Рустеми, како и со екс министеот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Според Бочварски,крајниот рок за изградба на експресниот пат е јули 2023, но очекувањата се дека ќе биде готов пред рокот.

Со задоволство денеска би сакал да ја информирам јавноста дека експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Владата покажа истрајност и решителност да ги изгради и најтешките инфраструктурани проекти во државава. Експресниот пат Градско-Прилеп е приоритет, не само за Владата, тој има преголемо економско значење за сите граѓани од Градско, Росоман, Прилеп и цел Пелагонски регион. Од првата делница Градско–Дреново започнуваат засилените градежни работи за изградба на овој патен правец. Поради слабата работа на изведувачот и неможноста да одговори на рокот за изградба, го раскинавме договорот. Тоа беше единствено рационално решение за да продолжиме да го градиме овој пат. Во соработка со ЈП за државни патишта за кратко време успеавме да ги надминеме сите настанати проблеми со странскиот изведувач и да склучиме договор со нов изведувач, компанијата Штрабаг, рече Бочварски.

Вредноста на целата инвестиција е 24, 7 милиони евра, а средства се обезбедени од ИПА фондовите. Досега вкупната изградба на патот е 34,4 проценти и новиот изведувач има обврска да ги доизгради останатите 65 проценти.  Бочварски очекува силна градежна офанзива и за втората фаза, за изградба на делницата од Дреново до Фариш ,нагласувајќи дека Министерството за транспорт активно работи на подготовката на документацијата и за третата делница од селото Беловодица до Каменоломот и проширување со по уште една лента во двата правци на потегот од мостот на Ленишка река до влезот на Прилеп. Се очекува до крајот на оваа година да се распише јавен повик за изградба.

“Ние сите се радуваме за продолжувањето на израдбата на овој експресниот пат, кој ќе се направи наредните две години, а пред се, се радуваат граѓаните на Пелагонискиот регион од општините Прилеп, Битола, Крушево, Ресен и другите рурални оопштини, затоа што со изградбата на овој пат, еконмијата ќе добие најмногу. После изградбата на експресниот пат, поинаку ќе биде развојот на економијата, ќе се намали времето на пренос на стоки, а пред се ќе се подобри сообрајќањата безбедноста на граѓаните ов овој регион“ – рече при оваа прилика градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми потенцираше дека Коридорот 10 е најважната меѓународна рута која поминува низ земјава и го поврзува регионот со останатиот дел на Европа, а експресниот пат, на кој се прави увид,  е дел од кракот Д на коридорот 10, делница од Велес кон Игуменица, преку Прилеп, Битола, Лерин, позната и како Виа Игнација. Експресниот пат Градско–Прилеп е во трите делници и е  еден од најзначајните патни правци во државава, по кој дневно поминуваат и над пет илјади возила од сите категории.

Би можело да ве интересира

Прилепчани хумани! Акцијата „Подај рака, биди човек”,успешна

Елизабета Филипоска

Македонија осамна под снег

Тутунарски протести: Бараме писмени гаранции за фер проценка, а не лажни ветувања!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе