11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мурали на значајни два лика ќе красат два ѕида во Прилеп

На ѕидот кај одделението за имотно- правни работи, уметнииците од Центар за современа ликовна уметност – Прилеп  започнуваат да го креираат првиот, од двата најавени мурали, кои ќе го красат Прилеп – мурал со ликот на романописецот, Стале Попов и лингвистот, Блаже Конески.

Станува збор за проект насловен „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов“ во организација на филмската продукција Дрим Фактори – Скопје, во соработка со здружението Центар за современа ликовна уметност-Прилеп, поддржен од Влада на Македонија. Со овој проект е предвидена реактуелизација и презентација на дејноста и делата на наши истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов.

„Ова е еден од начините за реактуелизација на наши познати дејци од разни области, е токму и уличната уметност, нов начин на културно изразување и консумирање на културниоиот производ кој повторно ќе ги актуелизира и направи атрактивни и секако, разбирливи и достапни за новите генераци и нашите големи истакнати имиња„.-велат уметниците

Идејното решение и изведбата на муралите се на познатите академски ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.

Сликарските активности организирани од Ценарот за современа ликовна уметност секогаш имаат извонреден творечки амбиент, а овозможуваат и експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност. Оттаму велат:

„Уличната уметност е се повеќе присутна околу нас, не самозаради фактот дека крајниот производ претствавува зачудувачка форма на уметнички израз,тоа е патување што се случува на улиците каде создавал уметникот. Уметничките дела што се појавуваат на ѕидовите низ повеќе градови во светот  достигнаа највисок врв на интерес и постигнаа автентичност и обележје на многу градови. Уличната уметност сега живее и во  виртуелните заедници, виртуелните јавни дискурси и неодамна стана предмет на присвојување од популарната култура и главната симболика на современоста. Уличната уметност е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден модерен град, но исто така одлична можност да се даде и нота на препознатливост и уникатност на самиот град, како и преку истата да се презентираат и реактуелизираат познати и признати дејци од нашата историја. Едно дело улична уметност може да го трансформира предметот на кој се појавува, но може да ја трансформира и целата локална заедница во која престојува. Уникатен начин да се одбележи и главната цел 30 години независностна нашата држава. Реактуализацијата како процесо безбедува одржливост и континуитет на целокупното културно наследство, доколку се искористат медиуми и техники за модерно прикажување и заживување на лица, дела, настани.„ велат од Ценарот за современа ликовна уметност – Прилеп

Би можело да ве интересира

Автокино под отворено небо во дворот на ООУ „Гоце Делчев“

Елизабета Филипоска

Предвелигденски хуманитарен концерт на црковните хорови „Св. Петка“ и „Св. Благовештение“ Прилеп

Гордана Цветаноска

Се собраа уметниците – почнуваат да творат на ликовната колонија Дрен

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе