11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мултимедијален фестивал „Цело е кога се има 30“ во Прилеп и Крушево за културно освежување

Концерти, театарски претстави, работилници, поезија, танци, игранки… се само дел од активностите на мултимедијалниот фестивал по повод 30 години од независноста на Македонија насловен како „Цело е кога се има 30“, а ќе се одржува во Прилеп и во Крушево, во организација на театарот „Чин 4 Сцена 5“. Тематскиот пристап на манифестацијата дава дополнителна можност за вљубениците на секој сегмент од култура да се пронајдат и да уживаат во понудата.  

Модерниот и креативниот пристап се огледа во нови естетски доживувања на поезијата, музиката, танцот и театарот создавани од 1945 година до денес.

– Фестивалот ќе се одржи од 21 август до 5 ти септември. Станува збор за еден мултимедијален фестивал на кој што ќе има активности од различни аспекти, со финансиска поддршка од Владата по повод 30 години независност. Од вкупно 104 апликанти ние бевме едни од 33 те кои го добија проектот, рече  Саша Нацевски од Театарот „Чин 4 Сцена 5“.

Креативноста е водилка на фестивалот, како во возобновувањето на културните вредности од различни периоди, така и во пристапот со публиката. Она што е новина е дигитализацијата на целата манифестација.

– Дигитализацијата на културните настани е пракса која не е вообичаена не само во Регионот, туку и во државата, поради што како една од целите е поставена целосна дигитализација на настаните, како и изработка на заклучен краен документарен филм.

Ангажирајќи креативни лица од Пелагонискиот регион истрајно и континуирано ја поддржуваме независната културна сцена, го зајакнуваме местото на Прилеп во културната мапа на регионот, како и влијание врз процесот на децентрализација на културата во државата. Настаните ќе се одржат во Прилеп, на сцените на Домот за култура Марко Цепенков, Народниот театар Војдан Чернодринскии пред Саат-кулата, како и во Крушево, односно Музејот на НОБ и платото пред споменикот Македониум, рече Звонко Димоски, проектен менаџер.

Инаку, лице задолжено за односи со јавноста е дигиталниот лик Македонка која што ќе биде присутна на сите настани, а програмата ќе се најавува и промовира преку стрип и дигитално. Ова е целосната програма на мултимедијалниот фестивал „Цело е кога се има 30“ во која, со гордост најавуваме дека е вклучен и нашиот медиум преку емисијата Тин Топиа Шоу на 28 август, кај Саат-кула, во Прилеп, преку Младинскиот фестивал на локални изведувачи.

Ова е целосната програма:

21 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Летна Сцена, Прилеп

22 август, НУ „Историски Музеј“, пред споменикот Македониум, Крушево

  • X SquaredDanceCollective (Ludon DC)

“Парадоксот на Диоген” (Томе Арсовски),Кореографија: Јована Зајкова и Бобан Русески / Музика: Тодор Скаловски

  • Концертна промоција на албумотАпокриф на Добрила и Дориан Дуо

Добрила Грашеска – вокал, Дориан Јовановиќ – ут, лупови

23 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Фоаје, Прилеп

Креативна работилница и изложба за младинци Украсуваме македонска поезија (Јулијана Талеска).

24 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Голема Сала, Прилеп

Вариете-вечер посветена на основоположниците на современата македонска поезија со И. Трпчески, Д. Ѓеорѓиевски, Д. Иваноска, И. Јованоски и М. Костоски.

25 август, НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп

26 август, Музеј на НОБ, Летна сцена, Крушево

Театарска претстава Мендо и Мајло (Театарска Работилница Прилеп)

режија на Игор Трпчески, по текст на Мирјана Р. Селчанец

27 август, БросБургер, Прилеп (придружна програма).

Градска игранка.

28 август, Саат-кула, Прилеп

Младински фестивал на локални изведувачи во соработка со #teentopishow на Радио Пела (Теодора Велкоска и Теа Кокондоска).

29 август, Саат-кула, Прилеп (придружна програма).

Градска игранка.

30 август, Дом на култура Крушево

Мултимедијална работилница и изложба за реактуализација на делото и ликот на македонскиот сликар и академик Никола Мартиноски (Емил Солески).

31 август, НУЦК „Марко Цепенков“, Фоаје, Прилеп

Мултимедијална изложба „30 години независност“ (Јавен Повик)

1 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Голема Сала, Прилеп (придружна програма).

Театарска претстава на Театар Чин 4 Сцена 5, во режија на Саша Нацевски.

2 септември, Саат-Кула, Прилеп

TheDreamers, градска забава во ритамот на македонската музика од 90-те.

3 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Летна Сцена, Прилеп

Концерт со авторска музика на група TheHounds (најава на втор албум).

4 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Летна сцена, Прилеп

Диџејски сет со авторска музика на Mitrik&Samardjiski [roomania].

5 септември, НУЦК „Марко Цепенков“, Фоаје, Прилеп (придружна програма)

Музички перформанс на ЗаринаПрвасевда.

Би можело да ве интересира

Премиерот за опстанокот на локалните медиуми тврди дека се бара решение

Елизабета Филипоска

На претседателските избори демократското право на глас го остварија градоначалникот на Прилеп и Претседателот на Совет

Пела Редакција

„Гласам, значи постојам“- Цивил во Прилеп, Битола и Могила

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе