11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Виртулена прошека од 360°, фотографии и документарни видеа за „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“

Преку 360° ќе можете да направите виртуелни прошетки низ три значајни историски објекти во Прилеп https://www.facebook.com/prilepzavremenanob ,но и преку документарни видеа да се запознаете со: Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски “ – Питу, Меморијалниот музај „11 Октомври 1941“ и спомен паркот на Револуцијата, кои ќе бидат прикажан во киното „Мис Стон“- Прилеп,  на 29 –ти јули (четврток) од 20,оо ч, со што ќе имате можност да го запознаете Прилеп во светлото на неговото историско, херојско минато, како град херој за време на НОБ.

Проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“  е поддржан од Владата и во рамките на програмата „30 години независност на Северна Македонија“, имплементиран од прилепската „Фан Продукција 2004 -Оливер Ангелески“, која ги изработи сите овие интересни проекции,  кои ќе помогнат во промоција на одредени историски наследства на Општина Прилеп.

Меморијалниот музеј „Кузман Јосифоски – Питу“ 360°

https://www.facebook.com/prilepzavremenanob/photos/108868244800865

Активностите од проектот ќе биде презентиран, четврток 29 јули, од 19,оо ч., каде  во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков„ ќе биде отворена изложбна на 50 фотографии, изготвени од реализацијата на проектот.

Основна цел на проектот „Прилеп – градот народен херој за време на НОБ“ е промовирање на историското наследство на Општина Прилеп од времето на НОБ, преку користење на иновативни промотивни алатки. Целта е поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот економски развој на Општина Прилеп.

Проектот е поддржан од НУ Завод и Музеј – Прилеп за промоција на историското наследство на Општина Прилеп и е дел од јавниот повик на Владата за поддршка на претприемачите од фотографската и видео дејноста во Општина Прилеп за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 кризата.

Со овие фото записи и документарни содржини се очекува да се збогати туристичката промоција за поддршка на локалниот економски развој на Општина Прилеп, но и да се збогати видео и фото промоција на историското наследство на Општина Прилеп за време на НОБ .

Би можело да ве интересира

„Пејзажни знаци“ прва самостојна изложба на младиот уметник Давид Атанасоски

Прилепскиот театар со „Дупло дно“ гостува во Ниш

Пела Редакција

Завршува официјалната програма на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе