Утре, (29 јули 2021/ четврток/) од 21.00 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи групата ФОЛТИН.
Концертот е по повод јубилејот 25 години од првиот концерт на Фолтин . Ќе биде промовирано најновото студиско издание “Симултан бакнеж”. Ќе се свират најновите и најубавите стари песни.
Влезот е бесплатен. Концертот во Прилеп е финансиски поддржан од Министерство за култура.
Битолска групата „Фолтин“, која постои од 1997 година се одликува со богата концертна активност, во светотот, на некогашните ЈУ простори и во Македонија. Во текот на 2016 година, групата одржала околу 40 концерти, а покрај тоа работела и на музиката за неколку македонски документарни филмови и за еден игран филм .
Членови на „Фолтин“ се:
- Бранислав Николов – вокал и акустична гитара
- Пеце Трајковски – хармоника и акустична гитара
- Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника
- Петар Димитровски – клавијатури, електрично пијано и органа
- Славе Јовев – тапани
- Гоце Јовановски (од 2005 година) – контрабас и бас-гитара
Исто така, Марјан Станиќ е редовен надворешен соработник на групата, кој свири на повеќе албуми.