11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Два мурали, два знaчајни лика, се дел од уличната уметност во Прилеп

За две недели „никнаа“ два мурали во Прилеп и станаа „хит“ кај минувачите, но и на социјалните мрежи, со позитивни реакции за ваквата улична уметност и украсување на урбаната средина. „Кривец“ за нивното појавување во Прилеп е Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, кој во рекордно време ги заврши двата најавени мурали, на дајцата македонски современици, прилепчани по потекло – муралот на македонскиот раскажувач и романсиер, писателот, Стале Попов и муралот на кодификаторот на македонскиот јазик,  поетот и лингвистот, Блаже Конески.

И, оваа нова слика на Прилеп, веднаш, со задоволство,  го привлече окото на минувачите, кои, вака на интересен и необичен начин се запознаваат со уличната уметност, актулана во светот, преку која се популарзира културата на еден народ и можноста уметноста да се доближува на поинаков, современ начин на човекот .

Муралите се нацртан на ѕид, едниот на зградата на одделението за имотно- правни работи – Прилеп, спроти општинската зграда, а другиот на ѕидот на некогашниот хотел Скопје во центарот на Прилеп, во близина на Участакот,  кој вчера беше завршен од старна на уметниците.

Муралите се нацртан на двe уникатно избрани локации, велат од ЦСЛУ -Прилеп кои најавија и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов. Ова е во рамките на  проект „Уличната уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов“, што го реализираа Дрим Фактори – Скопје и Центарот за современа ликовна уметност-Прилеп, а финансиски беше поддржен од Владата, преку јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани по повод 30 години од државноста. .

Идејното решение и изведбата на муралите се изработени од академските ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго ,кој на ликовите им дадоа нова интересна димензија.

„Кога се создава едно уметнично дело од типот на мурал, мора да знае публиката дека муралите по природа се со одредена трајност, па не би сакале коментари зошто нешто се покрива, за да се создаде друго . Муралот не е слика, па некој ќе ја реставрира или конзервира за да остане. Муралот има рок на постоење“ објасни уметникот, Сања Јездиќ, задоволна од позитивните реакции на јавноста за насликаните мурали.

„Идејата за овие два мурали е двата големи јубилеја 100 години од раѓањето на Блаже Конески, а Стале Попов го избравме по повод 30 години од независноста на Македонија. Се надевам дека и во иднина ќе имаме можност да исполнуваме градски површини со уметнички дела, со цел уметноста што повеќе да ја доближеме до публиката„ -истакна Горан Ристески, од ЦСЛУ -Прилеп, кој се заблагодари за поддршката на општината и Владата при реализација на овој проект , но и побара поголема поддршка од бизнис заеднцата за можност за создавање на што овеќе уметнички дела.

„Уметниците направија две ремек дела во нашиот град од нашите дејци Стале Попов и Блаже Конески , кои што многу значат за нашиот град. Оваа уличната уметност, што стана тренд во последно време,  е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден град, како и преку неа да се презентираат и реактуализираат познати и признати дејци од нашата историја“,  истакна, градоначалникот на Прилеп,  Илија Јовановски на деншната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Во Цепенков „Пијано вечер“ со прилепските пијанисти Илија Иваноски и Денис Најдоски

Пела Редакција

Репертоар на театарот „Војдан Черндорински“

Пела Редакција

🚲Вело тура за култура на 20 октомври-четврто издание

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе