17.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

АЏУЛЕСКИ Е НОВ ТРЕНЕР НА ДЕСПИНА

Во претстојното првенство женскиот фудбалски прволигаш Деспина ќе биде предвиден од нов тренер, Диме Аџулески. Станува збор за некогашен фудбалер, подоцна долгогодишен тренер во женскиот фудбал. Тој и досега беше асистент на Николче Здравески, кој повеќе не е на таа позиција поради други професионални обврски.

Аџулески на 7 јули ги почна подготовките од кои во реализација е фазата за уигрување на тимот во кој има шест нови фудбалерки. Во Стручниот штаб, покрај Аџулески, се: Христијан Сркески (тренер на голманките), Даниел Тренчески и Антонио Тошески (фитнес-тренери).

Првенството почнува на 7/8 август, а Деспина веќе има одиграно неколку контролни натпревари : Победа над Истатов од Дојран, каде екипата на Деспина постигна победа од 3:2. Претходно фудбалерките загубија со истиот резултат (2:3) од велешки Борец ,а на третиот пријателски меч со Љуботен во Тетово, ЖФК Љуботен-ЖФК Деспина 1:5(1:4).

Би можело да ве интересира

Победа ја продолжува агонијата – поразена од Башкими со 0-1 на свој терен

Елизабета Филипоска

Прилепските ракометари ја продолжуваат битката за опстанок

Соколески :Успешните клубови во ракометот се базираат на одлична организација , врвни професионалци и публика која го сака ракометот како спорт *ВИДЕО + ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе