29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Против Шкупи Победа со 5 нови засилувања

Денешниот меч против Шкупи кој што се игра во Скопје со почеток во 16 часот, Победа ќе настапи со петмина нови фудбалери. Информацијата доаѓа од комисијата за верификација на ФФМ која денеска одобри право за настап уште на денешниот меч со Шкупи на Чаир за петмина нови фудбалери на Победа. На располагање на тренерот Бабунски ќе бидат интернационалните: Џејмс Амасихоху (22-годишен напаѓач), Амос Дадет (23 годишен играч од средниот ред) и 21 годишниот штопер Огнен Ѓурковиќ.
Нови играчи на Победа се и 23 годишниот играч од средниот ред Миле Тодоров (екс Работнички и Осијек) и 25 годишниот напаѓач Иван Галевски (екс Струга Трим Лум и Силекс).
Дали избраниците на Гоце Седлоски (Шкупи) се пред нов, трет триумф во првенството или пак засилениот млад состав на Победа кој досега нема бодови своето конто можно е да направи сензација?!

Би можело да ве интересира

Братство му парираше на лидерот Слога само во првото полувреме (ФОТО)

Никола Димески

Прилеп е подготвен за уличната трка “Че трчаме“

Пела Редакција

ПроБоксМакедонија: Македонските боксери се регистрираа на платформата BoxMed

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе