1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Деспина почна без Гичева и Боризоска


Вечерва се означи стартот на подготовките на Женскиот ракометен клуб Деспина. Пред салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп тренерот Страшо Илиоски одржа состанок со првотимките, каде недостасуваа кадетските репрезентативки Матеа Чурлиновска, Адела Еленин и Сара Богојеска. Екипата претходно остана без Мери Гичева – Конески, замината во Косово и Тамара Боризоска, нов член на шампионот Куманово.

До почетокот од суперлигашкото првенство можно е да има неколку новодојдени кои би ги пополниле
испразнетите места. Во рамките на подготовките обезбедени се неколку пријателски мечеви, на турнир во Скопје од 19 до 21 август, каде противници во групната фаза се српската Јагодина и скопски Вардар. Потенцијални ривали се останатите учесници: домаќинот Ѓорче Петров, српскиот Бор и Младинската репрезентација на Чиле.


Претходно тренинзите се во салата „Ричко“ и на отворени места низ градот. Швеѓанките се најсилниот противник Деспина, како 5-ттопласирана во македонското првенство, во октомври ќе има настап во 2 коло од ЕХФ европскиот куп. За противникот, шведската Скара, тренерот Илиоски има мислење оти се најсилниот противник.

„Тие не се фаворитки само против нас, туку фаворитки се и за освојување на пехарот од овој ЕХФ европски куп. Добро е што ќе одиграме два меча, еден на гости, еден дома, најверојатно во Битола, ако во Прилеп немаме соодветна сала“ – рече Илиоски.

Би можело да ве интересира

Ракометарите на Прилеп со успешен старт ја започнаа битката за суперлигашки опстанок

Елизабета Филипоска

ЛОИ започна – во кои денови ќе се натпреваруваат македонските спортисти?!

Елизабета Филипоска

Прилепските млади џудисти со голем број освоени медали од првенството во Кавадарци

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе