0.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Како знаат дека треба да патуваат?! -„Св. Пантелејмон„ празникот кога си заминуваат штрковите

На „Свети Пантелејмон”, на 9 август, секоја година, според традицијата, штрковите заминуваат во потоплите краишта.

За штрковите се мисли дека се верни на семејството, живеат во двојки и доколку почине еден, остануваат сами. Во прилепско Кривогаштани навикнати се на гнездата на штрковите крај куќите, на високите бандери, столбови, на покривите. И штрковите и луѓето живеат заедно од пролет до август.

– Штрковите се подготвуваат да заминат. Тоа е така откако паметиме. Деновиве сите ќе се иселат за да дојдат на пролет. Еве, можеби се чекаат да се соберат, а и можеби чекаат да добијат пасоши. Времињава се нови, нестабилни, малку на шега коментираат кривогаштанци.

Паметат дека од пред неколку години локалните власти сакаат да им создадат посебна населба со гнезда, ама штрковите „си тераат по свое”. Имаат свои домови кои сами ги создале и не сакаат да ги напуштат. Кривогаштанци сфатиле дека треба да ги почитуваат навиките на штрковите, запишани во гените.

И во прилепско Мало Коњари, од каде е Силјан штркот и легендата за него според Марко Цепенков, штрковите се подготвуваат за преселба. Жителите од Прилепско се надеваат дека климатските промени не им влијаеле на навиките на штрковите, кои се и симбол на новите рожби во семејствата.

Би можело да ве интересира

22 години од Општина Могила

Елизабета Филипоска

На Светскиот ден на здравството, 7 Април на протест излегуваат матичните лекари

Целосно се затвараат кафетериите, рестораните, обложувалниците, барови, клубови и казина

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе