9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

Крушево од денеска безбедна Ковид дестинација

Од денска ( 9 август 2021) Крушево е чиста и безбедна Ковид 19 дестинација! Европскиот совет за туризам и трговија како резултат на неколкудневно испитување и истражување го потврди ова со доделувањето на сертификат. Тројца експерти од Европскиот совет престојуваа во Крушево и испитуваа колку градот е безбеден за туристите и спроведоа процес на сертификација. Сега , Крушево е потврдено како безбедна дестинација за туристите во меѓународни рамки. 

„Ова значи поголема промоција, ова значи поголема препознатливост на општина Крушево како туристичка дестинација во едни изменети услови по појавата на коронавирусот. Денес најголема промоција е безбедноста на една дестинација, а ние тоа го имаме и со официјална потврда во меѓународни рамки. Се заблагодарувам на Европскиот совет за спроведувањето на процесот и изразувам задоволство што крушевските угостители, музеите, одговорните лица во манастирите покажаа дека навистина се почитуваат протоколите за спречување на ширење на вирусот и се трудат на гости да им понудат безбедна средина.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

Одбележана годишнината од смртта на Ченто

Пела Редакција

„На секое дете му треба семејство“ кампања на УНИЦЕФ и во Прилеп

Гордана Цветаноска

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците-во новиот состав,четворица од Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе