11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Гужви пред вакциналниот пункт во Прилеп

Утрово, од 7 часот на вакциналниот пункт во Прилеп започна создавањето на редица за вакцинација и ревакцнација, иако вакциналниот пункт почнува со работа во 8,оо. За половина час, веќе 100-тина луѓе чекаа ред. Од вакциналниот пункт велат дека интересот е зголемен од вчера, а оваа навалица се случува откако беа соопштени новите мерки со кои делумно ќе им се ограничи движењето на невакцинираните лица. „Свесни сме дека има револт кај граѓаните кои чекаат за вакцинирање“ велат од вакциналниот пунк во Прилеп кои денеска работи непркинато поради зголемниот интерес на граѓаните за имунизација.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/570434024133450

 „Мора да се вакцинирам„ – тврди едно младо момче – „работам во угостителство и ќе ја изгубам работата доколку не се вакцинирам.Нема влез вообјектот ако не си вакциниран,вели газдата.

„Свадбата ја закажавме на 18-ти август, веднаш по завршувањето на рстриктивните мерки во мај. Се ни беше подготено, а ниту јас ниту мојот иден сопруг не сме вакцинирани. Невестата и зетот не можат да присуствуваат на сопствената свадба„,- ни раскажуа со иронинанасмевка, девојка која чека на крајот од редот долг неколку метри, до капијата на СОУ Ѓорче Петров, во 8,оо ч. каде што е пунктот за вакцинација во Прилеп. – „Не се вкцинирани ниту кумовите, ниту деврушите. Страшно! А, платено е се: свадбен простор на отворено, аранжманите, невестинскиот фустан, договрени се сите детали, фоторепортери, свадбената торта, украсување на салата и сите други ситници. Еден куп пари … Па, после оваа одлука за забрана за влез во угостителсктие објкти на невакцинираните, најрадосниот ден кој го очекувамме со моето семејство ни се претвори во стрес и нервоза„ – раскажува девојката,лута што чека ред ,но и поради сета случка .

„Јас сум книговдител. Посетувам многу институции во текто на моето работно време и морам да покажам вакцинален пасош. Спротивно, можеби ќе имам забрана да влезам во банка. Од ова ми зависи егзистенцијата и школувањето на моите деца.„- вели таа

Вакцинацијата на вакциналниот пункт во Прилеп се одвива со трите вакцини: фајзер ,  синопен и синофарм. А, на социјалните мрежи сеуште се води битка„ за„ и „против„ вакцинирањето .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Општинска обврзница за инфраструктурни и комунални проекти за Прилеп

Гордана Цветаноска

Прилепското друштво од Сиднеј со уште една донација во спортот

Со марш одбележани 80 години од Февруарскиот поход

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе