11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Граѓанска иницијатива “ЧЕ ВРЕДИ”нема да коалицира со политички партии

Со сооштение граѓанска иницијатива “ЧЕ ВРЕДИ” се обратија до медиумит во кое се вели :

Во интерес на конкретно информирање на јавноста за шпекулациите околу постизборно коалицирање на независната советничка група или кандидатот за градоначалник со политичките партии кои ќе го сочинуваат идниот состав на Советот на Општина Прилеп, ги информираме сите наши поддржувачи и следбеници дека граѓанската иницијативата “ЧЕ ВРЕДИ” никогаш и по никоја цена нема да си дозволи да биде само уште еден привезок повеќе на било која политичка партија т.е дека нема да коалицира со ниту еден политички субјект кој учествува во работата на советот.
Предизборните и постизборни коалиции на помалите субјекти во процесот на планирање и реализација на локалните политики не е ништо друго освен политички пазар и не значи ништо друго освен изневерување на довербата на граѓаните.“ –
се вели во сопштението од Граѓанска иницијатива “ЧЕ ВРЕДИ”

Би можело да ве интересира

ЛК СДСМ Прилеп вечерва со герила акција: „Го имаме најлошиот градоначалник на Прилеп„

Елизабета Филипоска

Пратеникот Талевски го предизвикува градоначалникот Јовчески на ТВ дуел!

Гордана Цветаноска

Максим Димитриевски: Гласовите на граѓаните му даваат сила и легитимитет на Претседателот на државата да и каже НЕ на извршната и на законодавната власт

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе