1.8 C
Прилеп
четврток, 23 јануари, 2025
Пела Радио

Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп организираше трибина против насилството врз жените

Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп организираше трибина по повод 16 дена активизам против насилството врз жените на тема „Ти одлучуваш дали ќе бидеш жртва или победник“ на која панелисти беа Афердита Хаџијаха Имери, виш советник во Меѓународна фондација за изборни системи IFES и Лидија Петкоска пратеник во Собранието на Р.М и  потпредседетал на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.

Панелистите преку бројки и факти покажаа бројни случаи на насилство врз жените нашата земја, со акцент насилство врз жените и кршење на човековите права, дискриминација врз жените и на  родово-базирано насилство било да е тоа физичко, емоционално, психичко и економско насилство На Трбинината беше заклучено дека тоа не е само приватно прашање, туку и социјален проблем кој не засега сите нас, за што е потребно подигнување на јавната свест за борба против насилството врз жените.На трибината беше договорено секоја мала акција да донесе промени,  да не се  молчи, ,туку да им се даде поддршка  на сите иницијативи кои водат кон елиминирање на насилството врз жените и девојчињата за заедничко подобро опшество, за општество без насилство.

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп :„Венко Филипче е најнеспособниот министер за здравство кој некогаш Македонија го имала„

Пела Редакција

Двајца прилепчани во највисоките партиски тела на „Движење ЗНАМ – За Наша Македонија“

Пела Редакција

Герамитчиоски: Ваква нехуманост и неодговорно трошење на општинскиот буџет, прилепчани не паметат!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе