11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Катерина Милеска од ЖФК Деспина е новиот селектор

Катерина Милеска, е именувана за селектор на женската репрезентација до 17 години, соопшти ФФМ. Таа е и прва жена селектор на женска фудабалска реперезнтција, која главно, било место за машките колеги. Кате Милеска е актуелен тренер на првакот ЖФК Деспина, сеуште е активна репрезентативка на македонската женска репрезентација и рекордерка по бројот на настапи во женската селекција

„Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонска репрезентација. Визијата на ФФМ „Повеќе жени, повеќе голови“ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал. Се надевам дека ќе бидам поттик за доплнителна промоција на женскот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови“.- истакна Кате Милеска

„Бев вклучена како тренер во селекцијата до 15 години и одлично ги познавам девојките од репрезентацијата. Ни следуваат два пријателски натпревари против Романија и тоа е убава можност да го видиме нашето ниво на игра. Се надевам дека заеднички ќе ја градиме селекцијата на вистински начин и ќе создаваме репрезентатиен квалитет за А селекцијата„- изјави таа

Би можело да ве интересира

Бабунски е нов тренер на Победа, а стартот на подготовките е во понеделник

Елизабета Филипоска

РАДОСТ ЗА ГОЛ СО ФРЛАЊЕ ШИШЕ В ТЕРЕН!

Изиграа одлично со Голден Арт и остануваат во Ф4 Купот на Македонија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе