1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Советот на Општина Крушево донесе одлука – забрана за движење во шума се до крајот на кризната состојба

Советот на Општина Крушево донесе одлука граѓаните на Општина Крушево да се придржуваат на мерките за забрана за движење во шума се до крајот на кризната состојба, односно до донесување на друга одлука.

Советниците на вонредна седница имаа едина точка на дневен ред: „Информација за безбедноста и сигурноста на граѓаните на подрачјето на Општина Крушево во услови на прогласена кризна состојба на територијата на Македонија, предлог на мерки и активности во насока на превенција, односно заштита од пожари и евентуално справување со пожарите.„

На седницата покрај членовите на Советот присуствуваа: Градоначалникот на Општина Крушево и претставници од Центарот за Управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Полициска станица Крушево, ЈП „Липа“ Крушево, ТППЕ-Крушево, Шумска полиција и ЈП „Комуна“ Крушево. Констатирано е дека надлежните институции функционираат заеднички и координирано согласно препораките од Републичкиот кризен штаб и согласно мерките и активностите што се предвидени со прогласената кризна состојба на територијата на целата Република. До сега состојбата со пожарите е под контрола и продолжува истата да се следи.

Би можело да ве интересира

Вечерва филмот „Некрстени денови“ во киното Мис Стон

Се запали камион на патот Ресен – Охрид

Пела Редакција

Време за акција: Жешкото време, високите температурата и променливиот воздушен притисок се причина за здравстгвени проблеми кај населението

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе