11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Славе Петрески кандидат за градончалник на движењето ЛДП-ДОМ

Доцна попладнево во Прилеп граѓанското движење на ЛДП и ДОМ, го промовираа својот кандидатот за градоначалник за Прилеп. Стопанственикот, Славе Петрески, поранешен директор на ЈП за ПУП, ќе биде кандидатот за градоначалник на престојните локални избори на движењето ЛДП – ДОМ .

Славе Петрески истакна дека овај предизвик го прифатил знаејќи ги проблемие на граѓаните. „Имаме време за подготвување на програма, имаме време за докажување пред граѓаните„, рече тој, ставајќи акцент на урбанистиките проблеми и еконимијата.

А, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин при оваа промоција го истакна следното:

„Го нарековне „движење од центарот„, бидјеќи е во центарот на политичкиот спектар во Македонија. Во Ценатрот на нашата идеја е граѓаните. Она што ние сакаме е граѓаните да ги почствуваат општините како вистински единици на локалната самоуправа, како свои општини, а градоначалниците да имаат визија во кој правец ќе се развива понатаму општината, во одржлив зелен развој, додека пак, советниците да бидат „чувари на општината“, бидејќи тие се оние кои ги гласаат одредбите важни за општината, тие се оние кои треба да го чуваат буџетот од ненаменско трошење, да се грижат за заштита на животната средина … „ – рече таа на денешната промоција на кандидатот за градоначалник на движењето ЛДП – ДОМ за Прилеп.

На промоцијата на кандидат за градоначалник на движењето ЛДП – ДОМ беше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој потврди дека за Прилеп ова движење има одличен кандидат за градоначалник.

„Првата почетна најава на нашата кампања беше „излези од маглата„,а маглата беше 30 годишното владеење во градовите на двете најголеми политички партии, а гледаме дека граѓаните после секој 4 години бараат промена. Затоа сакаме да дадеме еден целосно нов концепт, нова визија„- рече тој

Би можело да ве интересира

Јовчески: Пред вас стоиме со гордо крената глава заради нашата чесност и искреност!

Гордана Цветаноска

Ѓорѓиоски: Изградбата на Младински културен центар е високо на приоритетната листа на СДСМ

Гордана Цветаноска

Кои се носечките проекти од социјалната заштита на Јовчески, кандидат за градоначалник од ВМРО -ДПМНЕ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе