СДСМ денеска се очекува да објави нови имиња на кандидати за градоначалници. Во предходниот период владеачката партија објави имиња на 35 кандидати за градоначалници. Во нив е името на актуелниот градоначалник на Крушево,Томе Христоски, но сеуште се очекуваат имињата на кандидати за Прилеп, Долнени и Кривогаштани во пелагонискиот регион.
Пред десетина дена и ВМРО-ДПМНЕ објави листа со 26 кандидати за градоначалници, главно во единиците на локалната самоуправа во и околу градот Скопје. Во таа листа се наоѓаат и имињата на кандидатот за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески ,ортопед, и Александар Богдановски, актуелниот претседавачот на Совет на општина од Кривогаштани. Но, сеуште не се познати имњата на кандидатите за градончалници за пелагонсиките општините Долнени и Крушево. ВМРО-ДПМНЕ во петокот ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, а најави и соработка на локалните избори со Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Инаку, неформалната кампања на веќе објавените кандидати е веќе во тек. Се прават посети на терен и средби со помали групи граѓани поради ковид-19. Исто така, се користат и социјалните мрежи и интернет.
Кандидатските листи за локалните избори треба да бидат поднесени до Општинските изборни комисии најдоцна до 11 септември на полноќ, а треба да бидат потврдени најдоцна до 18 септември од ОИК и огласени.
Изборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ.
Изборите, што повторно ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одржи 30 октомври.