Утре, (вторник 31 август) во организација на РК Прилеп почнува шесттиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски“ на кој ќе земат учество пет домашни екипи и една странска. Учесници од Македонија ќе бидат екипите на Прилеп (како домаќин), Струга, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт Кире Лазаров 7,а гостинска екипа од странство ќе биде српската Дубочица од Лесковац.
На денот на отворањето, 31 август, од 16 часот најавено е присуство од претставници на РФМ, од неколку ракометни легенди кои заедно со Нешкоски биле на паркетот и ги бранеле боите на клубот, како и од Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Наумче Мојсоски. Традиционално, преставници од екипите ќе положат цвеќе и ќе се поклонат на спомен плочата на Миле Нешкоски поставена пред Универзалната сала, а потоа започнува натпреварувањето, во18,оо частот помеѓу екипите н РК Прилеп – РК Струга.
Во овие три ракометни дена ќе се одржат девет натпревари, што е големо ракометно случување во Прилеп, а прилепчани сето тоа можат да го проследат он лајн на ФП на Радио Пела и на Јутуб каналот од РК Прилеп, со цел да се почитуваат здравствените протоколи.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ И ОРГАНИЗАЦИЈА
![](https://radiopela.mk/wp-content/uploads/2021/08/2407855885470331066314328268015753562089390n.jpg)
РК ПРИЛЕП ИМА 9 РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ – „Еден град Прилеп, кој долги години се бореше да се врати на ракометната сцена, да создае 9 кадетски репрезентативци е голем успех и огромна работа, а малкумина знаат дека е така„– Кузманоски
Се разбира за квалитетот на турнирот придонеуваат пред се екипите кои се дел од овој турнир, рече тренерот на РК Прилеп, Горан Кизманоски.
![](https://radiopela.mk/wp-content/uploads/2021/08/кузманоски-1024x576.jpg)
„Пред стартот на првенството, кое започнува на 9 септември, турнирот „Миле Нешкоски“ е добредојде за согледување на формата на екипата, бидејќи ова ќе биде турнир на кавлитетен ракомет. Дубочица не е непозната екипа . Тоа е екипа која Прилепчани ја познаваат по натпреварувањата со некогашниот РК Тут-Ком. Учесник е Еурофарм Пелистер 2 кој има 4 репрезентативци во својот состав, квалитетна екипа која предходната натпреварувчка сезона играше и во плеј офот; екипата на Тиквеш, една ракометна екипа која во последниве две години вложи многу во ракометот и имаат доста квалитетни засилувања годинава; Голден Арт која испадна предходната година од суперлигашкото друштво, но останаа да финасира на својот развој; екипата на Струга која што никако не е за потценување, и тие минатата година играа во плеј офот и имаат добар играчки кадар, и нашиот клуб, РК Прилеп. За квалитетот на нашата екипа, која е пред се млада екипа со млад играчки кадар, говри тоа што од нашиот соства имаше дури 4 потенцијални кадетски репрезентативци на последното кадетско ЕП кое се одржа во Скопје. Од нив, двајца беа во потесниот состав на репрезентацијата. Тое е еден голем плус за нашиот ракометен Прилеп. И, ова ни дава поттик да продолжиме како клуб да создаваме, креираме и обучуваме такви играчи-репрезентативци. Иако, дел од нив не се веќе членови на РК Прилеп, во поширокиот состав на таа кадетска репрезентација имаше дури 9 ракометари кои беа токму од школата на РК Прилеп. Тоа, мора да признаеме е еден голем плус за ракометот во Прилеп. Оваа заслуга, пред се се должи на Претседателот на РК Прилеп, Александар Мариновски кој долги години се обидува финансиски и технички Прилеп да има врвен ракомет. Еден град, како Прилеп, каде што долги години се бори да се врати на ракометната сцена, да создаде 9 кадетски репрезентативци е голема работа, голем успех на еден клуб, а малкумина знаат дека тоа е така. „- истакна Кузманоски
![](https://radiopela.mk/wp-content/uploads/2021/08/шоко-1024x576.jpg)
Давор Шокоски, играчот на РК Прилеп посочи дека сака со своите соиграчи да го освои првото место на турнирот. „ На секој натпревар одиме на победа, па се надевам дека ќе го освоиме и турнирот, секако со огромен респект кон сите екипи кои учествуваат на турнирот, бидејќи станува збор за квалитетни ракометни екипи со голем ракометен потенцијал.
ПОТРЕБНА Е ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ И УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ЗА РАЗВОЈ НА РАКОМЕТОТ И КЛУБОТ
Турнирот го организираме традиционалано по 6 пат, со прекин од една година, минатата поради пандемијата. Но, драго ми е што можеме да продолжеме да го организираме во чест на прилепскиот ракометен ас „Миле Нешкоски„. Сепак, за полесно и по непречено да го организираме овој турнир и да ги завршуваме првенствата, да градиме ракомет, потребни се финансии и повеќе спонзори на клубот, рече Александар Мариновски, Претседателот на РК Прилеп.
![](https://radiopela.mk/wp-content/uploads/2021/08/александар-1024x576.jpg)
„Решението за враќање на ракометот на патеките кои ги заслужува е поврзано со финасии и со услови. Не знам како да се најде решение, Универзална сала да биде во корист на ракометот (но, и на другите спортови), а од оваа позиција ги повикувам и останатите бизнисмени да помогнат во развој и финансирањето на овој спорт, кој, како што рече Кузманоски, има голем потенцијал во Прилеп, а ние,за жал, секоја втора/трета година од постоењето имаме криза во финансирањето и паѓаме лига подолу, па потоа се бориме со сите сили да се искачиме во елитното ракометно друштво. А, тоа испаѓање и фраќање во лигите создава тешкотии во континуитетот и развој на ракометот во Прилеп, а причина за тоа се непостојаноста на финасиите. Морам да изразам благодарност до Општината која од општинскиот буџет издвојува една сума за ракометот, но не доволна, благодарност до Мермерниот комбинат Прилеп и до СОУ „Ристе Ристески Ричко“,што ни овозможува да ја користиме нивната спортска сала за потребите на клубот. Но, сепак Универзалната сала е ракометниот спортски храм во Прилеп за развој на ракометот и постојаност на РК Прилеп во зачувувањето и градењето на ракометот во овој град„– рече Мариновски
КВАЛИТЕТНИ АРБИТРИ НА ТУРНИРОТ
Во подигнувањето на дигнитетот на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски , арбитри на турнирот ќе бидат познатите македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои се прогласени за најдобра судиска двојка во светот, ракометни арбитри кои во моментов се број еден во Европа и светот, и на кои им беше дадена честа, да го судат финалето на Олимписките игри во Токио. На турнирот судиската правда ќе ја делат и судиските двојки: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, браќата Илиевски и прилепската судиска двојка Седлоски – Ангелески.
Турнирот го помогнаа : Мермерен комбинат- Прилеп , РФМ, Агенцијата за Млади и Спорт на РСМ и Општина Прилеп .