5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ТИКВЕШ ПОБЕДНИК, ЈАНЧЕВ НАЈДОБАР ИГРАЧ на шестиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски

На шести меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во финалето во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ кавадарчаните кои играа со српска Дубочица беа постојано во водство, највисоко со 8 разлика – 15:7 во првото и 26:18, 27:19 во второто полувреме. Лесковчаните не се предаваа и со упорна, борбена игра во финишот се доближија на 30:28. Сепак, немаше пресврт и конечниот исход е триумф на Тиквеш од 32:31.

ТИКВЕШ- ДУБОЧИЦА 32:31(17:12) Сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола). Делегат: Илија Цветкоски (Прилеп).

ТИКВЕШ: Стојаноски, Велков, Кондев 6, Лазов, Гичев 2, Соколов, Темелкоски 4, Ѓошевски 3, Трпчевски 9, Окардов, Трајкоски 2, Јанчев 6, Симиќ. Тренер: Ристо Магдинчев. Седмерци: 5/5.

ДУБОЧИЦА: Гасиќ, Цветковиќ 1, Станковиќ 3, Радуловиќ 4, Грубиќ 3, Павловиќ 1, Маџар 1, Маринковиќ, Дениќ, Митровиќ 1, Спасиќ 2, Мајовиќ 6, Анѓелковиќ 2, Станојковиќ, Павловиќ 7, Коциќ. Тренер: Саша Пејчиќ. Седмерци: 2/2.

По завршувањето на турнирот беа прогласени и најдобрите кои ги добија заслужените награди. Признанието за најдобар играч го врачи познатиот тренер Драган Ѓукиќ во рацете на Јане Јанчев од Тиквеш. Наградата за најдобар стрелец со 30 гола ја додели РФМ на Ивица Илиев од Голден арт. Признанието за најдобар голман го врачи меѓународниот судија Димитар Митревски во рацете на Зура Цинцадзе од Прилеп.

Пехари доделија: претседателот на РК Прилеп, Александар Мариновски на претставник од третопласираниот Еурофарм Пелистер 2, претседателот на Судиската ракометна органицација на Македонија, Ѓорѓи Начевски на второпласираната Дубочица, комесарот за натпреварување при РФМ и Славе Николов на победничката екипа Тиквеш.

ПРЕТХОДНО :

Меч за 3. место : Прилеп-Еурофарм Пелистер 2 28-31 (13-18)

Меч за 5. место : Струга-Голден арт 31-29 на седмерци (27-27)

ТАБЕЛА

1.Тиквеш

2.Дубочица

3.Еурофарм Пелистер 2

4.Прилеп

5.Струга

6.Голден арт

ПОЕДИНЕЧНИ НАГРАДИ:

Најдобар играч: Јане Јанчев (Тиквеш) Најдобар стрелец со 30 гола: Ивица Илиев (Голден арт) Најдобар голман: Зура Цинцадзе (Прилеп)

Би можело да ве интересира

Мегленски го наследи Крчмаревиќ на чело на Победа

РК Прилеп со втор триумф во плеј-аут напреварувањето потврдува дека има квалитет во борбата за првата позиција на табелата

Пела Редакција

Џудистите од Пролетер се вратија со 5 медалји од Кикинда

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе