29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

И, 7-то место е успех – џудо репрезентативките Теа и Теона Настоски го завршија настапот на Европскиот куп за кадети

Репрезентативките, прилепечанките,  Теа и Теона Настоски го завршија настапот на Џудо Европскиот куп за кадети 2022 кој се одржа во Ѓиор, Унгарија. Теа Настоска е поразена од Украинката Мархарита Стоцка, Теона од Дениса Јаков од Романија.

„И двете натпреварувачки настапија во категоријата до 44 килограми, при што Теа Настоска остана без пласман, додека Теона Настоска го освои 7-то место во силна конкуренција. Теона Настоска во четвтрфиналната борба доминираше со противничката од Романија и до пред крајот на борбата водеше на поени, но истата заврши со загуба на поен ипон и не успеа да се пласира во полуфиналето. Потоа, во репесажната борба за влез за борба за 3- то место влезе со полесна повреда во вратниот дел, а и демотивационо делуваше поразот од претходната борба, така што ја изгуби шансата за медал на вакво престижно натпреварување“, истакна  тренерот Дејан Мицкоски.

Сепак, стручниот тим  кој ги водеа двете репрезентативките, селекторот Дејан Мицкоски и тренерот Мики Чадамов, се  задоволни од настапот, со оглед на тоа дека и двете дебитираа на натпреварување од ваков ранг, каде пресудно беше и искуството на натпреварувања од овој тип.

Би можело да ве интересира

Прилеп со Лука Најдоски и Фил Феникс во врвот на воздухопловните спортови (ВИДЕО)

Пела Редакција

ПРИЛЕП СО ТРИУМФОТ ВО СТРУГА ГИ ВРАТИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК

Ексклузивно : Прилепскиот фудбалски бисер потпиша стипендиски и менаџерски договор во ФК Брера Академија Пандев – Струмица (ВИДЕО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе