11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

БОСИЛЕК-РАСТЕНИЕ БЕЗ КОЕ ГРАДИНАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАМИСЛИ

Пишува Филип Димкоски, водител на емисијата “Градината на Филип”

 Уште нашите баби и дедовци, обврзно во бавчите одгледувале босилек. И денес ако прашате некој повозрасен бавчанџија, ќе ви каже: „Мораш да имаш босилек во градината. Од него бега ѓаволот“.

Можеби за некого ова е само суеверие, но доколку логично се поврзе со денешната наука и искуствата во органската градина ќе видиме дека има и вистина. Всушност, босилокот со своите ароматични компоненти и етерични масла што ги содржи е закана за многу штетници кои би ги нападнале другите растенија во градината. Затоа на пример, меѓу садниците од домат, се препорачува да се насади босилок.

Босилекот (Оccimum basilicum) e и зачинско но и лековито растение. Освен што ги одбива штетниците во градинaта, тој е спас од комарците, доколку го имаме во саксија крај куќниот прозорец, а се користи и во фармацијата и во индурстријата за парфеми.
Како растение, бара растресита и богата почва, како и поголеми количини на вода но и сончева положба. Се сее во втората половина на мај или во јуни и може да се сее со директна сеидба или да се рассадува. Освен во градината може, да се сее во саксии и во жардињери.
Постојат голем број сорти на босилек кои се разликуваат по крупноста на листовите но и по аромата, како и по бојата на листовите. Така, имаме од светло зелен до виолетов лист кај босилекот. Овие акрактеристики, овозможуваат босилекот да се одгледува и како декоративно растение во дворовите, парковите и на балконите и терасите или куќните прозорци.


Во гастрономијата особено е популарен во медитеранските рецепти каде одлично се комбинира со доматите, со маслиновото масло, со сирењето и со различните видови на тестетнини.
Во народната медицина босилекот се користи за ублажување на потешкотиите со дишењето, а помага и за надминување на несоницата. Босилекот го подобрува апетитот, ја спречува наадуеноста и ги ублажува болките и грчевите на системот за варење. Помага и при нервоза, депресија и исцрпеност.
Со босилек се подготвуваат чаеви и тинктури кои помагаат при горенаведените здравствени ситуации.

Ова е само дел од емисијата “Градината на Филип” која се емитува во живо, со видео стриминг, секоја среда од 17 до 19 часот на Фејсбук страната на Радио Пела во рамки на програмата “Радио што се гледа”. Целата емисија проследете ја на следниот линк:

Би можело да ве интересира

Меѓународен ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“

Гордана Цветаноска

(видео и фото) Меѓународен ден на музеите и Европска ноќ на музеи

Елизабета Филипоска

Прво приватно музичко училште во Прилеп „Matrix“- за младите да учат музицирање

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе