11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Најмладите од детските градинки „Наша иднина“ во посета на рекреативниот центар кај Прилепското езеро

Најмладите, од детски градинки „Наша иднина„ – Прилеп го посетија новиот, спортско – рекреативниот комплекс насловен „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ и ни ја пренесоа својата радост што се во природа. Тие уживаа во боровата шумичка, врвејќи низ патеките, во пријатното време и во сите содржини кои ги нуди спортскиот рекреативен комплекс изграден кај Прилепското вештачко езеро.

Собрани во еден од летниковецте, најмладите направија одмор по игрите во дел од коплексот содржини наменет за нив, а потоа ни мавнаа со рачињата за поздрав, се смееа, пееа и дргаруваа. Задоволството на нивните лица беше неизмерно големо, особено поради можноста да бидат во природа и да уживаат на лулашките, нишалките и другите детски реквизити наменети за нивна безбедна игра.

„Местото е одлично за прошетка со најмладите. Вистинско уживање, а за тоа го говорат насмевките на лицата на дечињата „- ни рече директорот на детските градинки „Наша Иднина„ – Прилеп, Орце Тодоровски.

Овде може да се одвива и настава во природа, да се вежба, да се обавуваат одредени наставни програми за децата од повисоките паралелки поврзани со физичка активности и со едуцирање во насока на зачувување на животната средина, со оглед на безбедноста и можностите кои ги нуди ,еве, овој нов рекреативниот центар на отворено, велат и воспитуавчките од детските градинки “Наша иднина„- Прилеп, кои ги понесоа децата на оваа убава прошетка на едно од најпосетуваните излетнички места во Прилеп, прилепското вештачко езеро, сега обогатено со содржини,во кои можат да уживаат и најмладите посетители – децата.

Ова место за нив во иднина ќе прастаува убава дестинација за еднодневна екскурзија, излет, дружења и забава, дополнуваат од детските градинки „Наша иднина„.Уживајте!

Би можело да ве интересира

Зажалија само оние кои не присуствуваа! Спектакуларното Show на стилистите од Прилеп уште долго ќе се памети!

Елизабета Филипоска

Јавна трибина во Кривогаштани за два предлог проекти

Гордана Цветаноска

Црковно-научна трибина: „1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители  Св. Кирил и Методиј“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе