7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп одвои 450 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

На иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, денеска се одржа вонредна седница на Советот на Општина Прилеп на која едногласно беше донесена Одлука за обезбедување средства од Буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Донацијата на Општина Прилеп и граѓаните на Прилеп,  во знак на поддршка, солидарност и пријателство, изнесува 450 илјади денари Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, од кои 300.000,00 денари за настраданите од земјотресот во Република Турција и 150.000,00 денари за настраданите во катастрофалниот земјотрес што истовремено се случи и во Сириска Арапска Република (Сирија).

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски при оваа прилика повторно го изразија своето сочуство и упатија искрено жалење за загинатите во оваа голема природна катастрофа што се случи во Турција и Сирија.
– Со ова покажуваме уште во првиот бран дека одговараме на повикот за помош за двете држави. Ова е само прв бран на ваква помош, паралелно со тоа е испратена е и пратка конвој со помош од општествено одговорните компании, организирани преку бизнис заедницата, посочи градоначалникот Јовчески.

Покрај пунктот за донации кој е поставен во центарот на градот до утре, 14 ти февруари, каде граѓаните на Прилеп донираат, и донациите преку отворените телефонски линии, Општина Прилеп понуди и обучен тим од ТППЕ Прилеп во координација со ДЗС подрачна единица Прилеп за директна помош со човечки ресурси во подрачјата каде што има потреба, а прилепскиот бизнис секторот организиран преку Регионалната стопанската комора – Прилеп, веќе упати помош во настраданите подрачја.

Би можело да ве интересира

Најсиромашниот град за вода-Прилеп со барикади ги брани своите единствени природни извори

Гордана Цветаноска

Во тек доставување на предлози за Третоноемвриски награди

Гордана Цветаноска

Во карантин половина Македонија, забрана за одење на гробишта за Задушница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе