1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ВАРДАР СЕ СПАСИ СО ПОВТОРЕН ПЕНАЛ ВО ПРИЛЕП

Вистинска фудбалска драма пред околу 4000 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. А, што друго да се очекува кога играат Победа и Вардар. Гостите поведоа со 1:0, така беше се до последните секунди од 95. минута, кога домашните израмнија на 1:1 за огромна радост на трибините. Победникот во куп натпреварот беше одлучен по изведувањето на пенали.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Што се случи? Прилепчаните во првиот период далеку понадмоќни, но шансите на Карчески (погоди греда), Анѓелески и уште неколку други не доведоа до гол. Можеби статистиката доволно кажува, Победа изведе 10, гостите само 1 корнер. Кон крајот на првото полувреме гостите првпат се заканија преку Блажевски (погоди статива) и Керим, но остана 0:0. Во второто полувреме Победа пак притисна, и кога се чинеше дека ќе дојде до водство, гол на другата страна. Искусниот Блажевски со гол од силен слободен удар, би рекле евро-гол од далечина, ја доведе до предност екипата на Вардар во 53. минута.

По исклучувањето на Карчески во 73. минута, гостите ја презедоа играта и имаа шанси за зголемување на водството. Во моментите кога се готвеа за радост, во 95. минута, по изведен корнер оддесно, високо скокна и со глава биеше во мрежата Анѓелески за 1:1.

Изведувањето пенали го одлучија два момента. Бидејќи голови за Победа постигнаа Анѓелески, Ф. Спиркоски, Митрески и Бошески, а за Вардар Блажевски, Петров, Глишиќ и Петковски, решавачки излегоа пеналите на Николов за Вардар и Петејчук за Победа. Младиот прилепчанец не успеа на крајот, неговиот удар го одбрани Илиќ, додека претходно Николов успеа од два обида. Првиот удар го одбрани Котевски, но судиите не ја признаа за регуларна таа одбрана, па при повторениот пенал на вистинското место погоди Николов и Вардар со вкупен резултат 6:5 оди понатаму во Купот.

Би можело да ве интересира

Прилепските џудо мајстори продолжуваат да се надоградуваат

УО на РФМ пресече : опстанок за две екипи , третиот игра бараж а првиот од прва лига директно во елитата

Никола Димески

Два гола во мрежата на Колерајн – супер деби на младинците на Победа во квалификациите на младинската лига на шампиони (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе