5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ШОК ЗА ПОБЕДА ВО 90 МИНУТА

 Екипата на Победа загуби од Слога во Виница со 2:1, на дербито од 4. коло на Втората фудбалска лига – Исток. Домашните поведоа со голот на Христијан Митревски во 3. минута, а Победа израмни преку Бојан Спиркоски во 21.
Во второто полувреме, кога се чинеше дека прилепскиот тим е поблиску до трите бода, а ремито го има „в џеб“, виничаните изведоа брза контра во 90. минута, при што беше изнуден прекршок. Слободниот удар послужи за центаршут во шеснаесетникот, каде во мешаницата топката ја удри младинецот Марио Дебрешлиоски и таа заврши во мрежата од прилепскиот гол за конечни 2:1
Вториот претставник од ОФС Прилеп, Братство од Житоше, на игралиштето кај Могилата во Прилеп со 0:4 загуби од Кит-Го. Останати резултати: Кожуф – Беласица 1:2, Саса – Детонит 1:0, Осогово – Локомотива 2:2. Табела: Слога 12, Беласица и Саса по 10, Победа 7, Кит-Го 6, Кожуф и Осогово по 4, Локомотива, Детонит и Братство по 1. ИДНО, 5. коло: Победа – Осогово, Локомотива – Братство, Детонит – Слога, Беласица – Саса, Кит-Го – Кожуф.
Write to Gordana Cvetanoska

Би можело да ве интересира

По дебаклот на Победа, сепак не е се’ загубено!

Пионерските фудбалски шампиони на приватната школа „Тони“, на прием кај градоначалникот

Гордана Цветаноска

Тренерот на ФК Победа си поднесе оставка – кој ќе ја води Победа идното коло?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе