1.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп го објави јавниот повик за доставување предлози за Третоноемвриски награди и признанија

Општина Прилеп го објави јавниот повик за доставување предлози за доделување на општинските награди и признанија по повод 3 ти ноември – Денот на ослободувањето на градот. Предлозите за истакнати прилепчани, организации, институции се доставуваат до соодветната општинска комисија од денеска  најдоцна до 12 ти октомври годинава, стои во јавниот повик:


„По повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти оември”  како и награда за животно дело.

Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп почнувајќи од денес (21.09.2021) до 12.10.2021 година.

Предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3-ти Ноември 2020 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.“


 

Би можело да ве интересира

Вечна им слава – 21 година од погибијата кај Карпалак

Елизабета Филипоска

Помирување на нациите – услов за мир во светот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе