11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Со домаќински пристап на единката до успешна компанија

Колективно припаѓање на единката во една компанија како што е Комфи Ангел, со близу 1.000 вработени, носи и одговорност која мора да биде проследена и со дисциплина на секој поединец во неа, за успешна компанија и за подобар животен стандард на вработените, беше нагласено на редовната средбата со вработените, од страна на менаџментот на Комфи Ангел.

„Градиме компанија која ќе постои и после нас. Но, дисциплината и партиципирање во делот на личната хигиена и колективно припаѓање во една компанија, како што е Комфи Ангел, која што брои близу 1 000 вработени, мора да има поголема колективна свест  кај секоја единка. И, животниот стандард, зависи од нас и од секој поединец. Доколку се уништува сопственоста на Комфи Ангел, објектите, се загадуваат тоалетите , се уништува колективниот имот на компанијата, а ние во континуитет секоја недела ангажираме јавно претпријатие за да може да ни ја чисти канализацијата, тоа укажува дека имаме недомаќински пристап кон компанијата, а тоа влијае на градењето на животниот стандард. А,  верувајте сите ние учествуваме во успехот и неуспехот на компанијата!„ –  истакна менаџерот на Комфи Ангел, Ирена Јакимовска, говорејќи за колективната свест и одржувањето на опшествените добра на компанијата.

                            

СРЕЌНИ ЛУЃЕ – УСПЕШНА КОМПАНИЈА

 

„Вашиот однос спрема се’ она што е сопственост на Комфи Ангел укажува на вашата љубов, енергија или емпатија спрема самата компанија“ , рече Јакимовска и посочи дека секој еден кој што не се чувствува среќен во компанијата и не ја чувствува како нешто свое, не треба да припаѓа на компанијата или потребно е  да го смени пристапот за да има можност да ги оствари своите работнички права и приходи со кои што може да си го издржува своето семејство .

 

„Се’ она што го уништувате во компанијата при извршувањето на вашите обврски во компанијата, е сопственост на Комфи Ангел и ние како претставници на тој капитал дефинитивно нема да дозволиме никој да се однесува несовесно, неодговорно, недостоинствно спрема она што е сопственост на сите. Неизмерно верувам дека 90 % од вработените се добри луѓе, полни со емпатија и љубов кон своите колеги и кон компанијата. И, не би сакала за тој мал број на луѓе кои што немаат  респект спрема нас сите во колективот, и се однесуваат  неодговорно и недомаќински кон објектот и кон колегите, да воведиме  дисциплински и рестриктивни мерки„ – посочи Ирена Јакимовска, во името на менаџментот на  Комфи Ангел

 

                КОВИДОТ ПРИСУТЕН, а  КОМПАНИЈАТА СТАБИЛНА

 

Јакимовска не изостави да потенцира, и покрај тоа што е физички отсутна од оправдени причини, дека е неизмерно среќна заради успесите што Комфи Ангел ги постигнува во овој временски период и во година која што е прилично специфична и тешка поради светска пандемија и економска криза, нагласувајќи дека  резултатот на успех се должи на сите единки кои што работат и ги остваруваат своите работнички права во команијата  Комфи Ангел чиј визија и мисија е „Градиме компанија која ќе постои и после нас!“

Таа не заборави да посочи дека пандемијата е сеуште присутна  одзема многу човечки животи. „Тоа повторно ни укажува дека недисциплинирано живееме на овие простори. Премалку имаме среќа во нас самите нас, премногу имаме негативна енергија, се намалува имунитетот, а тоа ни укажува дека нешто треба да промениме.  Се надевам дека ќе се избориме за подобро утре, иако тоа зависи најмногу од сите нас. Јас знам дека почитувањето на мерките за заштита значи одземање на слобода на секој од нас, но верувам дека тоа е единствениот начин како да се избориме и заштитиме од непријатната болест. Ве замолувам да се чувате себе си, здравјето на вашето семејство, а секако и да си ја сочуваме компанијата.“– рече таа.

Компанијата Комфи Ангел до крајот на годината останува со исполнети капацитет за работа, „а, она што е наша обврска е, пред се’, да произведеме производ со соодветен квалитет се’ со цел соодветно да ги опслужиме нашите купувачи за да продолжат да набавуваат стока од нашата компанија, а ние да си ја оствариме мисијата да градиме компанија која ќе постои и после нас“- нагласи, Ирена Јакимовска при месечното онлајн обраќање до работниците.

 

                

ЛОТАРИЈАТА ВО РАЦЕТЕ НА НАЈСРЕЌНИТЕ

 

И овој пат, лотаријата и  солидарниот фонд усреќи и им помогна на неколку работници од Комфи Ангел.

Добитници на лотаријата за август се: кројачот во производство 5, Роберт Кулески, и магационерскиот работник, Гоце Ѓорѓиоски.

Средства од солидарниот фонд за помош на нивните семејства добија Гоце Кочовски и Милорад Јованоски.

 

Би можело да ве интересира

Еве како изгледаат новите, полимерни банкноти кои веќе се во оптек

Елизабета Филипоска

Два јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште

Гордана Цветаноска

Одличен квартал за прилепска „Витаминка“- кои се неговите акционери?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе