11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вработените во Еурокомпозит повторно на протест

Со прекин на работата и протестен марш по улиците на Прилеп, вработените на Еурокомпозит  повторно го искажаа своето незадоволство од тешката социјална состојба во која подолг период се наоѓаат. Тие протестираа, незадоволни, од  неисполнување на ветувањата дадени на последната средба одржана на 24 октомври со премиерот Зоран Заев, на која присуствуваа претставници од гранковиот синдикат на ССМ, а на која било договорена исплата на една плата, како и реализирање на програма за технолошки вишок. Вработените денеска се собраа пред општинската зграда да го искажат својот револт, а ниту претходната, ниту пак, актуелната власт не презела конкретни чекори за дефинитивно решавање на проблемите.

– Се уште нема ништо од договореното на средбата со премиерот Зоран Заев од 24 октомври оваа година. Тогаш беше најавено дека Владата со одлука одвојува 10 милиони денари за една плата на вработените и дел за набавка на репроматеријали. Ќе штрајкуваме се до исполнување на нашите барања, а барањата се познати: немаме земено 16 плати, придонесите за пензиско осигурување не се платени од 2012 година, а бараме и реализирање на програмата за прогласување технолошки вишок за 100-ина вработени со Законот за материјално обезбедување на неврабоени лица поради доминантната сопственост на државата. Нашиот проблем е долгогодишен и очекуваме да се има разбирање за него, изјави Влатко Чурлиноски, претседател на синдикалната ортганизација на „Еурокомпозит“.

Вработените остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски, кој им вети логистичка поддршка во настојувањата за надминување на проблемите.

– Овие проблеми на „Еурокомпозит“ се долгогодишни. Им ветив, иако не е во моја надлежност, но е во интерес на градот дека ќе се заложам кај вицепремиерот Кочо Анѓушев, па и кај премиерот Зоран Заев и ќе разговарам и што е во моја надлежност ќе помогнам. Ќе инсистирам на оваа логистичка поддршка како моја морална обврска и во интерес на сите да се реши долгогодишниот проблем со „Еурокомпозит“, изјави Јованоски по средбата со синдикатот на компанијата.

Вработените задоволни од заложбите на градоначалникот Јованоски.

„Остваривме конструктивна средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, задоволни сме и очекуваме решавање на нашите проблеми во најбрз можен рок“, истакна Влатко Чурлиноски, претседател на синдикална организација на „Еурокомпозит“.

Во „Еурокомпозит“ има околу 260 вработени. Оваа фабрика од наменската индустрија е единствена од таков вид во земјава. Еурокомпозит остана последна компанија од четирите загубари со нерешен социјален статус на работниците кои речиси една деценија се соочуваат со нередовни исплати на плати и неподмирени придонеси за пензиско и здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Заев: Перспективата за бизнисот- мир, стабилност и безбедност на државата

Гордана Цветаноска

Барањата на работниците од „Еурокомпозит“ пред разрешница, Владата го усвои Предлог законот, на ред е Собранието

Возилата во Македонија со просечна старост од близу 19 години

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе