11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Едно лице е со тешки телесни повредени од синоќешната незгода во центарот на Прилеп при судир на автомобил и кола за сечење дрва

Неофицијално дознаваме дека едно лице, малолетно девојче кое се возело со колата за сечење дрва, е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и е упатено на понатамошно лекување во Скопската клиника ,  а останатите три лица, кои биле дел од синоќешната страшана сообрајќања незгода, што се случи на раскрсницата кај ЦК „Марко Цепенков, во центарот на Прилеп, околу 19,оо часот,  кога автомобил се судри со кола за сечење дрва, при преминување на раскрснцата,  по лекарска интервенциа, денеска се пуштени на домашна нега. Во несреќата учествувале,три лица кои се превезуале со со колата за сечење дрва, и возач во автомобил „Голф„

Ова сообрајќана незгода беше повод да се јават повеќе структури и да дадат мислење,ставови и предлози за  поголема безбедност во сообрајќајот во Прилеп.

Група на ентузијасти кои се залагаат за подобар вело Прилеп „Прилеп На Точак „  тврдат дека во Прилеп буквално нема регулиран сообраќај. „До кога прилепските улици ќе бидат поопасни од бојно поле?„  се прашува оваа неформална група граѓани кои се залагаат за користење на велосипедот како превозно средство, и бараат:

 

  • Бараме итно ограничување на брзината на движење за централното градско подрачје на 30км на час.
  •  Засилени и не селективни полициски контроли и санкции за секој еден што ги прекршува законите.
  • Прилеп е единствениот град во Македонија низ чиј плоштад се возат четирицикли како да сме в сред планина.
  • Во Прилеп се возат мопеди и брзински мотори по тротоар и плоштад без никаков проблем, па и велосипеди кој исто така преставуваат опасност за пешаците и малите деца што се движат, затоа што пешачка зона е само тоа, ништо повеќе.
  • Во Прилеп да имаш и тенк дома, не е проблем, слободно вози кај сакаш.
  • Без демагогија, време е да се стави крај на убиствата во сообраќајот во строг центар на град и тоа мал град кој треба да е мирен и безбеден, а не во град со 5 улици да има жртви во сообраќај.
  • Закони има, може да се подобрат и изменат, но време е да важат за сите, за да немаме прегазени пешаци на пешачки, да немаме мотори од што возат на плоштад и на тротоари, за велосипедски патеки и да не зборуваме.
  • Плоштадот кое е единствено место каде што пешаците треба да “царуваат” кај нас е претворен во паркинг за мопеди.
Време е да застанеме сега, сите, сите се движиме по истите патишта, казни за сите подеднакво без оглед дали некој вози точак или авион, затоа што културата во сообраќајот се учи, не се добива од раѓање.„ – порачуваат  од  неформална група граѓани кои секојдневно го користат велосипедот како превозно средство  #ПрилепНаТочак  и се залагаат за подобар вело-град.
Само во изминатава недела во Прилеп регистрирани се 4 сообраќајни несреќи  со вклучени велосипеди, мотори и пешаци.

Би можело да ве интересира

Одземени 19м3 од нелегална сеча кај с.Гостиражни и 6,5м3 кај Вештачкото езеро

Елизабета Филипоска

Физички нападнати две жени во нивните домови

Гордана Цветаноска

Била физички нападната од сопругот, кој го оштетил и нејзиното возило

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе