30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во Крушево се запали автобус кој превезувал работници

Вчера, на ул. „Илинденска“ во Крушево настанал пожар на автобус „сетра“ со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од градот, со кој се превезувале работници на приватна фирма.

Увид извршиле екипи на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожарот настанал во пределот на моторот.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево, а повредени лица нема.

Би можело да ве интересира

Нелегална трговија со отпад на 4 локации во Прилеп

Внимателно со управувањето на мопедите како учесници во сообраќајот – се зголемуваат незгодите

Пела Редакција

Приведен прилепчанец, ги малтретирал ќерката и сопругата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе