11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна изборната кампања! Од Прилеп ВМРО ДПМНЕ најавија натпревар на идеи и проекти во интерес на прилепчаниреална и остварлива програма,

Изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври почнува денеска и ќе трае 20 дена односно до 15 октомври на полноќ. Политичките партии и независните кандидати веќе ги најавија своите активности во кампањата.

Денеска пред прилепчани официјално се престави и кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Борче Јовчески , со кандидатите  членови за советот на општина Прилеп. Носителот на листата за советник на Општина Прилеп од ВМРО ДПМНЕ,  Дејан Проданоски, на прес конференција истакна :

„Почитувани сограѓани, Аирлија да е почетокот на официјалната изборна кампања за локалните избори 2021 година, после кои Прилеп ќе биде општина за секој жител!
Како носител на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, заедно со кандидатот за градоначалник Борче Јовчески и кандидатите за советници, од овде, од пред споменикот на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов – Ченто и од пред општинската зграда, која во идните 4 години ќе биде вистински сервис на граѓаните и во која ќе се работат сите проекти во интерес на граѓаните, упатувам апел до сите политички субјекти за фер, коректна и достоинствена кампања, со која ќе овозможиме сограѓаните слободно да го остварат своето право на глас. Следните денови да бидат натпревар на идеи и проекти во интерес на прилепчани.
Советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е составена од чесни, вредни кандидати, професионалци ценети во својата област, кои си го сакаат градот и кои се спремни со сето свое знаење да придонесат за развој на нашиот Прилеп. Ова е победничкиот тим, од економисти, доктори, интелектуалци, спортисти, бизнисмени, млади. Вистински спој на знаење и искуство, надополнето со енергија и визионерство.
Пред вас почитувани граѓани, заедно со нашиот кандидат за градоначалник д-р Борче Јовчески, излегуваме со реална и остварлива програма, со конкретни проекти и решенија. Нудиме вистински решенија за сообраќајниот хаос во градот, проекти од областа на комуналната и патната инфраструктура, проекти за обновливи извори на енергија…Наш фокус ќе биде образованието и враќањето на приматот-Прилеп најчист град во Македонија. Старата чаршија ќе блесне како што заслужува. Ќе се погрижиме за подобар живот и во наслените места. Нашата визија, а и ваша, е Прилеп да биде модерна општина во која ќе живеат задоволни граѓани.
Ја бараме вашата поддршка! Ветуваме многу работа за да имаме просперитет. Со ваша помош и поддршка да направиме се Прилеп да чекори напред по патот на успехот и да стане место за квалитетен и достоинствен живот, Општина со која ќе се гордееме сите!
Ајде заедно да направиме Прилеп да биде место за живот на сите граѓани! Ве повикувам, на 17-ти октомври да гласате за бр.7, 7 за кандидатот за градоначалник Борче Јовчески и број 7 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата!„- потенцира Проданоски

https://www.facebook.com/okprilep/videos/603148084042382

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

За повреди на избирачкото право ќе функционира бесплатна тел. линија

Гордана Цветаноска

Сугарески: Модерни решенија за главните градски сообраќајници и влезови

Гордана Цветаноска

ЈОВЧЕСКИ: ПОБЕДУВАМЕ и тоа убедливо… ДОСТА НÈ ЛАЖЕВТЕ!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе