11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вуцас: Од стратешки интерес за Австрија е старт на пристапните преговори на Македонија кон ЕУ

„Одложувањето за почеток на пристапни преговори со Европската Унија не треба толку трагично да се сфаќа. Австрија и лично јас сме уверени дека овие процеси ќе започнат наскоро“, рече меѓу другото во своето обраќање амбасадорот на Република Австрија во Скопје, д – р Георг Вуцас од Прилеп.

– Пристапните преговори и пристапот на Македонија кон ЕУ е од стратешки интерес за Австрија. Јас ќе го цитирам министерот за надворешни работи на Австрија:  „Европската интерграција не би можела да биде завршена без пристапот на Западен Балкан во неа.“ И оваа слика тој ја употребува пред неговите европски колеги кои што не се уморуваат да нагласат дека Западниот Балкан не е нашиот заден двор, туку нашиот преден внатрешен двор, затоа што Западниот Балкан е обиколен од европски држави. Секое друго прифаќање на Западниот Балкан не би било природно. Затоа чекаме наскоро зелено светло за отпочнување на пристапни преговори од страна на Брисел за Западниот Балкан кон ЕУ, рече амбасадорот Вуцас.

Минатата година австриско – македонските дипломатски односи одбележаа 25 години, а последните неколку години соработката се продлабочува, потенцираше од Прилеп, амбасадорот на Република Австрија во Скопје, д – р Георг Вуцас. При тоа тој се осврна на помошта која што Австрија заедно со останатите европски држави ја даваат за граѓаните на Македонија од почетокот на пандемијата со медицински продукти, преку НАТО и ЕУ механизмите, но и билатерално со поддршка на интернационални организации. Ова, особено во делот на имунизација на населението, од како во мај годинава, ЕУ започна да доставува вакцини, при што токму Австрија ги координала активностите за нивна достава, упатувајќи апел до населението да се вакцинира.

– Иднината на Европа и воопшто светската иднина зависи од тоа како ќе се избориме со оваа пандемија, а тоа ќе се оствари само ако 70, 80 или 90 % од населението биде вакцинирано. А токму Јужна Европа е добар пример за тоа како треба да биде вакцинирано населението, посочи австрискиот амбасадор Вуцас, кој присуствуваше на промоција на активности поддржани од Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи во организација на невладината ЛАГ Агро Лидер во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ во Прилеп .

Би можело да ве интересира

УХМР: Метео предупредување за студен бран, дожд и снег

Пела Редакција

Домаќинското работење донесе заштеди за Општина Крушево

Гордана Цветаноска

„Пивофест 2018“ – Прилеп е подготвен!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе