12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Цртежи збогатени со колаж, модерно и фино избалансирани – изложба на Лазеска во Цепенков

В петок ,  1 октомври , од 18.30 ч. во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Асоцијации“ од уметницата Росица Лазеска.

На оваа изложба Лазеска ни се претставува како автор со инвентивна ликовна имагинација и изразито креативна енергија. Изложбата на цртежи и колажи е вистинска свеченост за окото, во која таа ја напушта класичната претстава за цртежот и со низа од линии и плохи гради еден сопствен свет во кој имагинацијата е нејзин императив. Не случајно Росица Лазеска за оваа 2021 година е носител на наградата заекспериментален цртеж воспоставена од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.  Се работи за динамичен сликар – графичар кој преку експресивната композиција ги спротиставува преплетите од линии, кои за момент се дисхармонични, а конечниот резултат е складно единство и хармонија. Композицијата е зрела и сугестивна со јасни потези на линиите и плохите без разлика дали се работи за нијанси во црно-бела техника или во боја. 
   Композицијата во цртежите збогатени со колаж е фино хармонизирана со магичен распоред на јаки тонови, модерно и фино избалансирана.  Својствено за Лазеска е што нејзините дела имаат еден жив ритам кој ни го доловува нејзиниот асоцијативен и метафоричен јазик, кој не може, а да не ве возбуди. Затоа оваа изложба може дасе следи ислуша како соната која во себе содржи ритмични тонови што ѕвонат во нашите уши, ги честат нашите очи и ја облагодаруваат нашата душа
следејќи ги имагинарните пејсажи на Росица Лазеска„ вели Климе Коробар за делата на уметникот Лазеска

Росица Лазеска, родена 1956 во Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје 1986, дипломира на Факултетот за ликовни уметности , отсек графика во 1992 во Скопје. Од 1992 е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, ДЛУМ.Во периодот од 1993-1995 работи на изработка на неколку поштански марки.
Добитник е на Гранд При на 2то Интернационално графичко триенале во Александрија, Египет во 1996година.

Би можело да ве интересира

„Пејзажни знаци“ прва самостојна изложба на младиот уметник Давид Атанасоски

По петти пат, капење во Плетвар по повод Водици (ВИДЕО)

Пела Редакција

Алексоски : Нашиот независен театар и членовите во него имаат посебна театарска енергија која не одржува сите овие години (ВИДЕО +ФОТО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе