-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Актуелно : Нови простории на боксерскиот клуб АС Прилеп

Во убава спортска атмосфера и во присуство на голем број на спортски работници , активни и поранешни боксери и љубители на боксот беа ставени во функција новите простории на боксерскиот клуб АС Прилеп. На отворањето , присутните видоа голем број на демонстрации на членовите на клубот заедно со нивниот ментор Дарко Чатлески а истите и оние нови кои ќе се запишат во клубот ќе имаат можност да уживаат во тренинзите а во исто време ќе добијат обука од искусен тренер.

 

Ова е уште еден одличен потег на тимот Чатлески кој изминатиов период бележи одлични резултати на домашна и меѓународна сцена , резултати кои го ставаат  клубот во преден план во македонскиот шампионат а секако и кога станува збор на натпреварувањата кои се одржуваат надвор од земјава. Уписите за нови членови се во тек а од клубот информираат дека сето ова вложување во боксот е со една цел , промоција на овој спорт во Прилеп а во истовреме и  професионален ангажман за време на тренинзите и натпреварите кои се под капата на федерацијата.

Чатлески за Радио Пела вели дека и кога тој  настапувал како репрезентативец и активен во боксот мечтаел и сонувал за вакви услови за тренинг ,  но се надева дека генерациите кои сега тренираат во клубот а  и оние кои доаѓаат , едноставно,  максимално ќе уживаат во секој момент поминат во рингот кој е поставен во средишниот дел ,  како и на сите боксерски сегменти кои ги поседува клубот а се ставени во употреба за тренажните процеси.

Радио Пела секогаш го подржува спортот а особено луѓето ентузијасти и спортисти кои веруваат во професионализмот кој го поседуваат.Само напред.

Би можело да ве интересира

Над 70 натпреварувачи на предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо

Елизабета Филипоска

ПЕТАР КОСТОВСКИ Е ПРВИОТ СЕНИОРСКИ ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ „ИЛИЈА КАРЕСКИ“

Гордана Цветаноска

На 6 години го искуси летањето, сега е светски вицешампион (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе