14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

ПИНГ-ПОНГ: РИСОВИ ГИ ОСТАВИЈА БОДОВИТЕ ВО ПРИЛЕП

Прва женска лига во пинг – понг екипата на прилепска Младост 96 со 4:2 го совлада скопскиот тим Рисови, во 1. коло од Првата женска пингпонгарска лига. Резултатот е реален, според квалитетите на двата тима, односно, распоредот на нивните претставници во партиите.

Првата и четвртата партија ги доби членката на домашниот клуб, Србинката Катерина Гвозденовиќ, со 3:1 и 3:0, против Ива Димитриевска и Матеа Смолиќ. Втората и шестата партија и припаднаа на засилувањењто од Крушево Васе Богоеска, со по 3:0 над Матеа Смолиќ и Ана-Марија Димитрова. На гостинскиот состав му припаднаа две партии, третата и петтата, каде младата домашна пингопнгарка Камелија Стојческа со по 0:3 загуби од Ана-Марија Димитрова и од Ива Димитриевска. Во следното 2. коло Младост 96 е гостин на Берово, а Рисови на Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Таиквондист Георгиевски ита кон првиот медал за Македонија на ОИ во Токио (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Победа го совлада Борец во Велес со минимални 0:1 (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Под мотото „Заедно посилни„ ЏК Сеишин го одбележа Светскиот ден на џудото

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе