16.4 C
Прилеп
среда, 3 јуни, 2026
Пела Радио

Чествување -118 години од големата битка на врвот Маргара кај Чаниште, прилепско

Културниот истражувачко-документациски центар за Мариово „Калеш Анѓа“ од с. Крушевица, Прилеп во соработка со Планинарското друштво „Јане Сандански“ – Прилеп, утре 3 ти октомври  организираат чествување по повод 118 години од големата битка на врвот Маргара кај селото Чаниште, Прилепско.

Во битката учествувале околу 150 комити на чело со војводите, Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов и Лука Иванов, кои успешно се спротивставиле на турскиот аскер, кој броел 5500 војници и успеале да го пробијат обрачот со 4 убиени комити и 7-8 ранети, а зад себе оставиле од 200 до 400 убиени туркси војници. Настанот се случил на 02.10.1903 година.

Планиран е комитски марш, беседа во чест на хероите, а ќе се одржи и културно уметничка програма. Тргнувањето е од пред Центарот за култура Марко Цепенков

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп стартуваше проектот “Денови на Свети Климент Охридски”(ФОТО)

Никола Димески

🎄Прилепската празнична приказна започнува на 24 декември✨

Пела Редакција

(ВИДЕО)Прилепчани да не стравуваат – вода ќе има, но загрижуваат загубите од дури 56 %

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе