11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПИНГ-ПОНГ: Супер лига – мажи ПРИЛЕПЧАНИ СО СИТЕ 4 БОДА ОД СКОПЈЕ

Двата прилепски суперлигаша, шампионот Младост 96 и вицешампоионот Младост, постигнаа победи во стартното, 1. коло од Супер лигата за сениори, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Екипата на Младост 96 со максимални 4:0 и без загубен сет го совлада тимот на Шампиони ФА од Штип. Првата партија со 3:0 ја доби Србинот Стефан Костадиновиќ против Сашко Богатинов. Истиот резултат се повтори и на следните партии – Петар Костовски против Александар Кралев, Андреј Лашкоски со Филип Младеновски и Костовски со Богатинов. Неизвесно до самиот крај беше на мечот Младост – Вардар.

Првите две партии им припаднаа на прилепчаните, преку победите на Ѓоко Јочкоски со 3:0 над Марјан Аврамовски и на Даниел Главевски со 3:2 над Ристо Темелков. Во третата партија Зоран Јованоски со 1:3 загуби од Филе Матевски, а во четвртата Јочкоски со 3:2 го совлада Темелков. Скопјаните не се предадоа и со победите на Аврамовски со 3:2 над Јованоски и на Матевски со 3:1 над Главевски, го израмнија резултатот на 3:3. Одлучи седмата дубл-партија, во која Јочкоски/Јованоски со 3:2 ги совладаа Матевски/Темелков за конечни 4:3 за Младост. Последниот сет беше добиен на разлика – 15:13.
Други резултати од 1. коло: Работнички – Крива Паланка 1:4, Радовиш – Телеком Нец 2:4.
Следно 2. коло: Младост 96 – Работнички, Младост – Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Како што треба да биде : Победа ја одреди цената на поединечните и сезонските влезници

Никола Димески

„ЧЕ трчаме!“ атлетски настан кој го раздвижи Прилеп

Елизабета Филипоска

Прилеп домаќин на ракометниот Ф4 за кадетки

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе