10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Повредена 19 годишна девојка – патничко возило „ауди“ се судри со мопед

Во ОВР Прилеп вчера ( 03.10 2021 г.) во 14.50 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Јоска Јорданоски“ со ул.„Цане Илиоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од П.К.(43) од Прилеп и мопед, управуван од Д.Т.(21) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот, М.Н.(19) од Прилеп, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Граната пронајдена во „Стара касарна” во Битола

Двајца биле физички нападнати во Прилеп и Дебреште

Гордана Цветаноска

Oграбена спортска обложувалница во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе