1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Ѓорѓиоски: Згрозен сум од бруталните и злонамерни манипулации на Николоски

Кандидатот за советник од СДСМ Александар Ѓорѓиоски во изјава за јавноста денеска ги отфрли обвинувањата упатени од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на една од националните телевизии:

„ Грубите лаги и клевети кои на вчерашното гостување на Канал 5 телевизија, кон мене ги упати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, го прикажуваат очајот на нивниот кандидат за градоначалник на Прилеп кој е соочен со пораз и казна од граѓаните.

Згрозен сум од бруталните и злонамерни манипулации на Николоски. Со нив, тој и  ВМРО-ДПМНЕ го допреа дното. Категорично ги отфрлам како невистини и под целосна кривична и морална одговорност тврдам дека немам никаква допирна точка со наводите кои тој ги изнесе.

Ги повикувам надлежните институции веднаш, итно, неодложно, да го расветлат целиот случај. Целосно се ставам на располагање за потребите на истрагата.

Очекувам во законски предвидениот рок од 48 часа, Николоски јавно да се извини, и тоа на истиот начин и во истата форма на која ги упати бруталните клевети. Доколку не го стори тоа, ќе поднесам соодветна тужба за заштита за мојата чест и мојот углед.

Почитувани сограѓани,

Монструзоната конструкција која на мое лично име ја упати Николоски, неизбежно потсетува на едно режимско време. На методите кои ги користеше злосторничкото здружување, предводено од унгарскиот бегалец Никола Груевски.

Она што не го разбираат Мицкоски, Николоски, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески, е дека тоа време заврши и дека таквото политичко делување е однапред осудено на пропаст,“ во изјавата за јавноста посочува Александар Ѓорѓиоски кандидатот за советник од СДСМ.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Алексоски: Прилеп заслужува да биде економски силен град!

Гордана Цветаноска

Сугарески: Меѓу Шаторов камен и Топташ, ќе го реализираме проектот „Семеен парк Прилеп“

Почетокот на учебната година го честита кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе